Туркије негира соработка со МИ6 за заштита на сирискиот претседател Шара
Центарот за борба против дезинформации нагласи дека веста објавена од странска новинска агенција, во која се тврди дека „Туркије побарала од британскиот МИ6 да ја зголеми заштитата на сирискиот претседател“, не ја одразува вистината
Центарот за борба против дезинформации при Дирекцијата за комуникации на Република Туркије ги негираше обвинувањата на странските медиуми за соработка со британската разузнавачка служба МИ6 во врска со заштитата на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, пренесува Анадолу.
Центарот нагласи дека веста објавена од странска новинска агенција, во која се тврди дека „Туркије побарала од британскиот МИ6 да ја зголеми заштитата на сирискиот претседател“, не ја одразува вистината.
Беше нагласено дека Националната разузнавачка организација на Туркије (МИТ) одржува ефикасна соработка во борбата против тероризмот и со меѓународната разузнавачка заедница и со безбедносните единици на соседна Сирија.
Најнов пример за оваа соработка беа неодамнешните успешни операции против терористичката организација ИСИС (ДАЕШ), спроведени во координација со сириските власти.
„Тврдењата изнесени во спорниот новински извештај, според кој МИТ упатил барање до МИ6 во врска со заштитата на сирискиот претседател или побарал да преземе таква улога, не се вистинити“, се нагласува во соопштението.
Турските власти ја повикаа јавноста да не придава важност на неосновани тврдења, објави и содржини што се шират преку јавните средства.