Виртуози на кавал, чувари на македонската фолклорна традиција
РЕГИОН
2 мин читање
Виртуози на кавал, чувари на македонската фолклорна традицијаЉубовта кон кавалот на Стефче Стојковски му ја пренеле неговиот дедо и татко кои биле дел од фолклорни ансамбли, а денес тој ја пренесува на идните генерации.
Stefce Stojkovski

Кавалот како уникатен инструмент во македонскиот фолклор има вековна традиција. Од 2019 година свирењето и изработката на кавал се прогласени за културно наследство од исклучително значење. 

Стефче Стојковски е виртуоз на традиционални дувачки инструменти. Љубовта кон кавалот му ја пренеле неговиот дедо и татко кои биле дел од фолклорни ансамбли. Тој е чувар на овој значаен елемент на македонската фолклорна традиција.

„Од пет годишна возраст почнав да ја откривам тајната на овој древен народен инструмент. Мојот дедо и мојот татко ми направија едно мало кавалче за мојата возраст на кое јас почнав да свирам” вели Стојковски во разговор за ТРТ Балкан.

Тој истакнува дека кавалот е нераскинлив белег на македонскиот народ и буди бурни емоции.

„Тоа се емоции на расположение, на љубов, на радост, емоции на среќа. Но исто така кавалот може да опее и емоции на тага. Тој е еден инструмент кој со својата боја ги оплеменува не само луѓето туку и животните. Кавалите се свиреле по трлата заедно со овците, бидејќи е и овчарски инструмент, статистички е докажано дека животните произведуваат повеќе млеко, подобар принос на волна, подобар принос на јагниња ... Значи тој е инструмент кој оплеменува, кој облагородува и сметам дека кавалот како инструмент е еден нераскинлив белег од македонскиот народ”, вели Стефче.

Љубовта кон кавалот Стефче ја пренесува на идните генерации.

„Ова што сега е тренд на многу млади да изучуваат изворни инструменти е за поздравување. И јас сето мое акумулирано знаење кое сум го добил од моите родители и пошироко од музичари инструменталисти од цела Македонија несебично им го пренесувам на младите генерации. Во самата техника на свирење, во самото изучување, мора да си создадат свој препознатлив стил, којшто ќе ја зачува автентичноста, но ќе даде инвенција од самиот инструменталист”, изјави Стефче во разговорот.

Тој  ја негува македонската традиционална музика и преку ансамблот кој го носи неговото име. 

„Со тој ансамбл ние оставивме белег во македонската музичка историја и не само во Македонија туку и ширум светот. Успеавме да прошетаме во повеќе од 42 држави, да ја презентираме во најдобро светло македонската музика и да оставиме слика и белег на она кои сме, што сме дека имамаме длабоки корени зад нас”, истакна Стојковски.

Повеќе
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан