| Macedonian
Судот на правда на ЕУ ја потврди казната од 4,1 милијарди евра за Гугл за злоупотреба на ОС Aндроид
Одлуката стави крај на повеќегодишниот правен спор откако во 2018 г. ЕК утврди дека Гугл им наметнал претходно инсталирани апликации Хром и Гугл Плеј Стор на производителите на паметни телефони како услов за користење на оперативниот систем Андроид
Судот на правда на ЕУ ја потврди казната од 4,1 милијарди евра за Гугл за злоупотреба на ОС Aндроид
Гугл во изминатата декада е казнет со близу 11 милијарди евра за разни прекршувања на антимонополските прописи во ЕУ, а се соочува со други истраги / Reuters

Судот на правдата на Европската Унија ја отфрли жалбата на Гугл и ја потврди антимонополската казна од 4,1 милијарди евра што ја изрече Европската комисија за злоупотреба на доминантната позиција преку оперативниот систем Aндроид.

Одлуката на највисокиот суд на ЕУ стави крај на повеќегодишниот правен спор покренат откако Европската комисија утврди во 2018 година дека Гугл им наметнал претходно инсталирани апликации на Гугл Срч, прелистувачот Хром и продавницата за апликации Гугл Плеј Стор на производителите на паметни телефони како услов за користење на оперативниот систем Aндроид.

На тој начин ги спречил да користат конкурентски системи на Андроид, со што ја ограничил конкуренцијата на пазарот за интернет пребарување и мобилни апликации.

Европската комисија првично му изрече казна од 4,34 милијарди евра на Гугл, но последователно, понизок трибунал ја намали казната на 4,1 милијарди евра во 2022 година откако најпопуларниот пребарувач во светот ја оспори казната на ЕУ.

Потоа, Гугл поднесе жалба до Судот на правдата на Европската Унија со седиште во Луксембург, највисокиот суд во Европа.

Судот застана на страната на антимонополскиот орган на ЕУ и пресудате конечно ја потврди.

Гугл објави дека е разочаран од пресудата, оценувајќи дека судот не ги зел доволно предвид напорите на компанијата да го одржи Aндроид отворен и слободен оперативен систем.

Компанијата истакнува дека деловните практики се променети од одлуката на Европската комисија во 2018 година.

Пресудата претставува нова победа за европските регулатори во нивниот обид да ја ограничат злоупотребата на пазарната моќ од страна на големите технолошки компании.

Во изминатата деценија, Гугл беше казнет со речиси 11 милијарди евра врз основа на разни антимонополски постапки во Европската Унија, додека компанијата сè уште се соочува со дополнителни регулаторни истраги во Европа.

Веројатно ќе види повеќе казни во блиска иднина за наводно фаворизирање на сопствените услуги и производи во резултатите од пребарувањето и за практики поврзани со неговата продавница за апликации, кои и двете спаѓаат во Законот за дигитални пазари, насочен кон ограничување на моќта на големите технолошки компании.

Судска одлука што веројатно ќе ја зајакне европската акција против големите технолошки компании.

Повеќе
74-годишното патување на Туркије во НАТО: Обликување на алијансата
Анкета укажува на израелски политички ќорсокак пред следните избори
Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
Турскиот потпретседател се сретна со иранскиот претседател Пезешкијан во Техеран
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Ден на жалост во Киев по вчерашниот руски напад во кој загинаа најмалку 30 лица
Туркије постигна рекорден извоз од 278 милијарди долари во последните 12 месеци
Премиерот на Молдавија Александар Мунтеану поднесе оставка
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците