Туркије ги негира наводите за повлекување на трупите од воените позиции во Северна Сирија
Наводите со кои се тврди дека Турските вооружени сили се повлекле од некои области на регионот на операцијата „Извор на мирот“не се точни, тие ги продолжуваат своите активности во регионот во координација со сириската Влада, велат од извори од МО
Министерството за одбрана на Туркије денес ги негираше наводите дека турските трупи се повлекле од воените позиции во Северна Сирија во близина на турската граница.
„Наводите со кои се тврди дека Турските вооружени сили (ТСК) се повлекле од некои области на регионот на операцијата „Извор на мирот“не се точни. ТСК ги продолжуваат своите активности во регионот во координација со сириската Влада“, истакнаа извори од Министерството.
Изворите од Министерството, исто така, предупредија против она што го нарекоа намерна дезинформација и ја повикаа јавноста да се потпира само на официјални изјави.
Туркије спроведе серија успешни антитерористички операции во Северна Сирија од 2016 година како „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да спречи воспоставување терористички коридор и да обезбеди мирно враќање на локалните жители.