| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Десет загинати во руски напад врз брод во близина на Одеса
Во меѓувреме, најмалку три лица загинале, а 41 се повредени во руски напад во текот на ноќта врз Запорожје на југоистокот на Украина, објави началникот на Воената регионална администрација на Запорожје, Иван Федоров
Десет загинати во руски напад врз брод во близина на Одеса
Mеѓу загинатите во Запорожје е и единаесетгодишно девојче, објави Укринформ

Бројот на загинати во рускиот напад врз брод во близина на украинскиот пристанишен град Одеса на југот од земјата се зголеми на 10, објави денес Украинската управа на морските пристаништа.

Бродот што пловел под знамето на Гвинеја-Бисао, натоварен со пченка и со екипаж од Индија и Сирија, бил погоден доцна во неделата, а украинските власти објавија дека осум членови на екипажот се спасени од бродот, објави Укринформ.

Претходно, украинскиот министер за обнова, инфраструктура и транспорт, Микола Калашник, објави дека шест членови на екипажот на трговски брод што Русија го нападнала со ракети во Црното Море во близина на Одеса се убиени, а дека четворица се водат како исчезнати.

Во меѓувреме, најмалку три лица загинале, а 41 се повредени во руски напад во текот на ноќта врз Запорожје на југоистокот на Украина, објави началникот на Воената регионална администрација на Запорожје, Иван Федоров.

Тој објави на Телеграм дека меѓу загинатите е единаесетгодишно девојче, објави Укринформ.

Агенцијата наведува дека руските сили извршиле воздушен напад врз станбен дел од Запорожје.

Украина, пак, лансирала повеќе од 400 дронови кон Москва преку ноќ, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Тој објави на платформата Макс дека повеќето од тие дронови биле неутрализирани од руските сили за воздушна одбрана на далечните приоди кон Москва, и дека 85 дронови биле уништени додека се приближувале кон Москва, објави ТАСС.

Агенцијата наведува дека обидот за напад на украински дронови врз Москва во текот на изминатата ноќ бил еден од најголемите од почетокот на војната во Украина.

Порано беше објавено дека најголемиот обид за напад врз Москва е забележан во ноќта помеѓу 6 и 7 јули оваа година, кога силите за воздушна одбрана собориле повеќе од 430 дронови.

Повеќе
Најдобрата шахистка на сите времиња ја одби понудата да биде претседател на Унгарија
Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за струја
САД заврши уште една серија напади врз воени цели во Иран
Иран тврди дека уништиле центар за податоци на Амазон во Бахреин
Петмина Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Зеленски се среќава со генерали со надеж дека ќе ги смири протестите
Приведени раководители на „Комуналец“ од Гостивар поради загадувањето на градскиот водовод
Трамп: Иран ќе плати „многукратно“ за сите убиени американски војници
Туфан Ерхурман: Кипарските Турци се еднакви сопственици на островот, а нe малцинство
Франција го обвини Иран за притворање на персоналот на амбасадата во Техеран
Бугарија: Парламентот ќе одлучува распоредување на американски авиони за полнење гориво
Хутите објавија дека воведуваат целосна поморска блокада врз Саудиска Арабија
Туркије ја одбележува 52. годишнина од мировната операција на Кипар
Извештај: Пентагон не ги објавил сите повредени војници и предизвикана штета од Иран
Барнам ја презеде функцијата премиер на Велика Британија