| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво со државници
Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски, инаку, до овој момент немаме во план што се однесува на состанок со бугарската делегација, рече премиерот
Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво со државници
Предвидено е премиерот да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, како и со претставници на финансиската институција ДФЦ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција ДФЦ, со државници и со влијателни тинк-тенк организации.

Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што информира синоќа, засега нема во план средба со бугарската делегација.

„Во Њујорк, на маргините на годинешното Генерално собрание на ОН, ќе се сретнам со голем број државници. Имаме веќе потврдени средби. Во принцип се ориентиравме на соседството, се разбира, тука е оној прием, нормално, од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски. Инаку, што се однесува на состанок со бугарската делегација, до овој момент немаме во план таква средба“, напомена премиерот.

Мицкоски за условите на Бугарија за промена на Уставот и за позицијата на државата за гаранциите повтори дека оваа Влада води јасна политика без да прави какви било естрадни потези.

„Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ, зашто кога градиме став, тоа е процес што долго трае. Антиципираме сè што можеме во тој момент, така што нашите ставови се повеќеслојни, не се ставови што ад-хок ги градиме, па по потреба ги менуваме. Не правиме такви естрадни потези, водиме јасна политика која нуди гаранции на подолг рок. Тоа е стратегијата што ја има оваа Влада“, вели премиерот.

Мицкоски потврди дека е предвидена средба на лидери од Западен Балкан што за време на генералните собранија вообичаено ја организира делегацијата на Европската Унија во Њујорк.

„Инаку, таков, да, состанок е потврден. Кој ќе присуствува - во зависност од нивото - дали јас или министерот за надворешни работи, доколку е шефови на држави или претседатели на влади, се разбира дека ќе бидам јас, доколку нивото е на ниво на министри за надворешни работи, тогаш министерот за надворешни работи ќе биде, рече Мицкоски.

Повеќе
Фон дер Лајен повика на создавање на Европски совет за безбедност за справување со заканите
Турскиот борбен дрон Акинџи погоди воздушна цел со домашно развиената ракета Сунѓур
Фон дер Лајен ја повика Канада да стане придружна членка на ЕУ
Косово: Засилени безбедносни мерки пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец