| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
ОН: Мора да престане насилството врз демонстрантите од безбедносните сили на Иран
„Убивањето на мирни демонстранти мора да престане, а етикетирањето на демонстрантите како „терористи“ за да се оправда насилството врз нив е неприфатливо“, рече шефот на ОН за човекови права
ОН: Мора да престане насилството врз демонстрантите од безбедносните сили на Иран
ОН: Мора да престане насилството врз демонстрантите од безбедносните сили на Иран / AP
13 јануари 2026

Шефот на ОН за човекови права Волкер Турк изјави дека е „ужаснат“ од „зголеменото насилство спроведено од безбедносните сили“ насочено врз антивладините демонстранти во Иран.

Волкер Турк, во соопштението, ги повика иранските власти „веднаш да ги запрат сите форми на насилство и репресија врз мирните демонстранти, да го вратат целосниот пристап до интернет и телекомуникациските услуги и да обезбедат одговорност за сериозните кршења на човековите права“.

„Убивањето на мирни демонстранти мора да престане, а етикетирањето на демонстрантите како „терористи“ за да се оправда насилството врз нив е неприфатливо“, рече Турк.

Осврнувајќи се на претходните национални протести, тој рече: „Како што видовме неодамна во 2022 година, широки делови од иранското население излегоа на улиците, барајќи фундаментални промени во управувањето со нивната земја.“

Тој додаде дека „уште еднаш, реакцијата на властите е да применат брутална сила за да ги потиснат легитимните барања за промени“ и предупреди дека овој „циклус на ужасно насилство не може да продолжи“.

„Иранскиот народ и неговите барања за праведност, еднаквост и правда мора да бидат слушнати“, рече тој, повикувајќи сите убиства и злоупотреби да бидат истражени во согласност со меѓународните норми за човекови права, а сторителите да бидат повикани на одговорност.

Според соопштението, се вели дека неколку болници се преполни со жртви, вклучувајќи малолетници, додека исклучувањата на интернет и телекомуникации на национално ниво ги попречија напорите за потврда на информациите. Исто така, постојат извештаи дека се убиени припадници на безбедносните сили, се додава во соопштението.

„Иранците имаат право мирно да демонстрираат“, рече Турк. „Нивните поплаки треба да бидат слушнати и разгледани, а не инструментализирани од никого.“

Иран се соочува со масовни антивладини протести од минатиот месец, поттикнати од сериозно економско влошување и историски колапс на националната валута.

Иранските власти ги обвинија САД и Израел за поддршка на она што го карактеризираат како „вооружени бунтовници“ во земјата.

Иако официјалните бројки за жртвите не се објавени, американската новинска агенција за човекови права (ХРАНА) проценува дека најмалку 646 лица загинале, вклучувајќи ги и припадници безбедносните сили, а над 1.000 се повредени.

ХРАНА, исто така, објави дека најмалку 10.721 лица се приведени на протести на 585 локации низ целата земја, кои опфаќаат 187 градови во сите 31 провинција.

Повеќе
Грција одобри купување на систем за воздушна одбрана и надградби на авионите Ф-16
Tуркије ја осудува израелската копнена инвазија во Либан
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
САД дозволуваат иранските танкери да минуваат низ Ормускиот теснец
Муцунски - Хоџа: Подготвеност за унапредување на билатералните односи
Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа
Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Кочани
Коноли предупредува против „нормализација на војната“ поради тензиите на Блискиот Исток
Јапонија започнува со ослободување на резервите на нафта поради тензиите на Блискиот Исток
Трамп може да испрати бродови во Персискиот Залив „ако се осмели“, предупредува Иран
Израел започна ограничени копнени операции против Хезболах во јужен Либан
Иран тврди дека американско-израелски воздушен напад бил цел на училиште во Хомеин
Каја Калас: Ублажувањето на санкциите кон Русија од страна на САД претставува опасен преседан
Туркије повтори дека не ја признава „де факто ситуацијата во Крим“
Трамп: Во моментов преговараме со седум земји за обезбедување на Ормускиот Теснец