| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Руска фрегата истрелала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер
Воениот хеликоптер Фенек бил на рутинска мисија да ја фотографира руската фрегата кога кон него биле испукани два ракети, една од нив поминала многу блиску до хеликоптерот, соопшти Данската одбранбена команда
Руска фрегата истрелала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер
Данската премиерка Мете Фредериксен смета дека не е изненадувачки што руска фрегата испукала сигнални ракети кон хеликоптер на данските вооружени сили

Руска фрегата испалила две сигнални ракети кон хеликоптер на данските вооружени сили во понеделник во меѓународните води на Балтичкото Море во близина на градот Гедсер, при што едната поминала блиску до леталото, соопштика Вооружените сили на Данска.

Воениот хеликоптер Фенек бил на рутинска мисија да ја фотографира руската фрегата кога кон него биле испукани два ракети. Една од нив поминала многу блиску до хеликоптерот, соопшти Данската одбранбена команда во соопштение објавено во понеделник вечерта.

Ракетите се пиротехнички средства што најчесто се користат на море како предупредувачки сигнал.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен во вторник го нарече инцидентот „неприфатлив“ и рече дека можел да загрози човечки животи.

„Данска, од наша страна, работи на обезбедување мирен премин на сите бродови низ данските води, но Русија постепено ги поместува границите на она што го смета за прифатливо однесување“, рече Расмусен во соопштение.

Тој додаде дека го повикал рускиот амбасадор во Данска на состанок.

Данската премиерка Мете Фредериксен смета дека не е изненадувачки што руска фрегата испука сигнални ракети кон хеликоптер на данските вооружени сили.

„Се подразбира дека е многу сериозно кога руска фрегата вчера испука таканаречени ракети кон еден од хеликоптерите на данските вооружени сили. Но за жал, тоа не е изненадувачки бидејќи ова е дел од моделот што го гледаме низ цела Европа. Со сè поагресивна и наметлива Русија, која ја интензивираше хибридната војна против Европа. А ова го тестира и го предизвикува НАТО. Русија сака да заплаши и да посее раздор. Нашиот одговор е да се приближиме и да ја зајакнеме одбраната на Данска и Европа“, додаде таа.

Повеќе
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец
Кос: Во ЕУ нема место за земји кои величаат воени злосторници
Хрватската опозиција го притиска Пленковиќ за оставка по скандалот со токсичен отпад
Азербејџанскиот претседател Алиев го прими турскиот министер за надворешни работи Фидан
УНИЦЕФ: Борбите во Јемен го попречуваат образованието на над 100 илјади деца