| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Јас бев избран да ги остварам овие работи, не бев избран да ме водат луѓе кои имаат поинаква идеја за тоа како да се развие земјата, рече албанскиот премиер
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Рама рече дека проектите заедно вредат до пет милијарди евра и дека „тоа е голем сон“ и дека големите соништа отсекогаш биле предмет на контроверзии / Reuters

Албанија ќе продолжи со изградбата на луксузното одморалиште на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и покрај протестите поради неговото влијание врз животната средина, изјави денес албанскиот премиер Еди Рама.

Рама изјави за Ројтерс дека делови од одморалиштето би можеле да бидат отворени за јавноста до крајот на деценијата.

„Ви велам, тоа ќе биде прекрасен проект и ние ќе го направиме тоа и ќе бидеме горди што ќе придонесеме за Европа. Јас бев избран да ги остварам овие работи. Не бев избран да ме водат луѓе кои имаат поинаква идеја за тоа како да се развие земјата“, рече Рама.

Инвестициската фирма на Кушнер „Афинити партнерс“ е вклучена во проект за изградба на луксузно одморалиште вредно 1,4 милијарди евра, во близина на заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, и уште едно на блискиот остров Сазан.

Рама рече дека проектите заедно вредат до пет милијарди евра и дека „тоа е голем сон“ и дека „големите соништа отсекогаш биле предмет на контроверзии“.

Рама додаде дека проценката на влијанието врз животната средина сè уште не е направена и ќе се прави паралелно со работите.

„Многу сме горди на она што го направивме за дивиот свет во Албанија. Европската комисија нема причина да се сомнева во нашата цврста волја да заштитиме сè што мора да се заштити, кога станува збор за дивеч и природа“, рече Рама.

Илјадници луѓе учествуваа во еднонеделните протести во главниот град Тирана и на брегот каде што се планира да се изгради одморалиштето, барајќи проектот да се откаже поради влијанието врз заштитеното мочуриште кое е дом на фламинга, фоки и места за гнездење на морски желки.

Повеќе
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Бабиш: Западен Балкан припаѓа на Шенген, Европа треба да се одбрани од нелегална миграција
Мицкоски: Ако треба Владата повторно ќе го намали ДДВ за горивата
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
„Србијавоз“ ќе продава онлајн билети за меѓународните линии кон Црна Гора и Унгарија
Мицкоски: Штетите од невремето во Скопје ќе бидат надоместени
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
Комитетот за одбрана на бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во „Безмер"
Големо невреме во Скопје, паднати дрвја, откорнати кровови
Триесет дена притвор за тројцата осомничени за епидемијата во Гостивар
Прогласена 30 дневна кризна состојба во Гостивар, забраната за употреба на водата останува на сила
Силјановска-Давкова: Посетата на Мурму отвора ново поглавје во односите со Индија
ОЈО: Тројца вработени во гостиварски Комуналец под истрага за Тешки дела против животната средина
Приведени раководители на „Комуналец“ од Гостивар поради загадувањето на градскиот водовод
Бугарија: Парламентот ќе одлучува распоредување на американски авиони за полнење гориво
Денеска треба да бидат познати анализите на водата во Гостивар и причините за епидемијата
Клековски: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
Во Скопје одржана трибина по повод одбележување на геноцидот во Сребреница