Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран директно стапил во контакт со Вашингтон и сака да постигне договор, додавајќи дека актуелната војна се приближува кон својот крај.
На прашањето во која фаза од војната се наоѓаат САД, Трамп рече: „Се надевам дека сме при крајот на војната“.
„Тие сакаат да постигнат договор и ќе видиме како ќе се одвива тоа“, изјави тој за новинарите по слетувањето во Северна Каролина.
На прашањето дали информациите од Иран ги добил директно или преку посредници, Трамп одговори дека Иран директно стапил во контакт со него.
Изјавите беа дадени во услови на зголемени тензии меѓу Иран и САД околу Ормускиот Теснец, и покрај Меморандумот потпишан во јуни, со кој беше предвидено постигнување договор за повторно отворање на стратегискиот воден пат како вовед во поширок мировен договор.
САД и Израел во февруари започнаа големи напади врз Иран, при што беа гаѓани владини објекти, воени локации, ракетна инфраструктура и системи за противвоздушна одбрана. Тоа поттикна ирански ракетни и беспилотни напади врз Израел и американските бази низ регионот.
Конфликтот оттогаш се прошири низ регионот, додека продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на непријателствата.























