| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
ЕУ амбасадорот Михалис Рокас, оцени дека станува збор за видлив резултат од партнерството меѓу Европската Унија и Северна Македонија, особено по потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана во 2024 година
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ, изјави премиерот Мицкоски на презентацијата на опремата / Others

Во касарната „Илинден“ денеска беше презентирана опремата пристигната во рамки на соработката со Европската Унија преку Европскиот мировен фонд. При тоа беше соопштено дека досегашната поддршка за земјава изнесува 40 милиони евра во три пакети, со дополнителни 2 милиони евра за Балканските медицински сили, а во тек се разговори и за четврт пакет.

Амбасадорот на Европската Унија, Рокас, оцени дека станува збор за видлив резултат од партнерството меѓу Европската Унија и Северна Македонија, особено по потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана во 2024 година.

„Европската Унија го има Европскиот мировен фонд, којшто ја одразува растечката соработка во безбедноста и одбраната помеѓу Европската Унија и Северна Македонија. Морам да кажам дека денес е многу убав ден. Ги гледаме резултатите и гледаме како ова партнерство не само што со себе носи нова опрема, туку вклучува и обука. Гледаме извонредни симулирани вежби од страна на силите. Како што знаете, ние обезбедивме 38 милиони евра и ова е еден почеток на прекрасно партнерство“, рече Рокас.

Тој упатуви благодарност до министерот за одбрана, началникот на Генералштабот, Владата, тимот на Европската Унија, воените аташеа и тимот од Брисел, оценувајќи дека партнерството се придвижува „на многу брз и конкретен начин“.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека денеска е прикажан првиот пакет на опрема што пристигнал во земјава и дека соработката со Европската Унија носи дополнителна опрема и зајакнување на капацитетите на Армијата.

„Се работи за три пакети во тотал од 40 милиони евра, но очекуваме дека четврт пакет би потпишале. Тоа го преговараме во овој момент и се разбира ќе оставам на ЕУ претставниците да дадат свој одговор на тоа“, рече Мисајловски.

На прашање за досегашната поддршка од фондот, Мисајловски рече дека станува збор за целосен грант од Европската Унија, поврзан со заедничката европска безбедносна политика, учеството во мисиите и постојаната комуникација.

Во однос на возилата „Страјкер“ и „JЛТВ”, министерот информира дека се очекува од понеделник да пристигнат на Солунското пристаниште и дека ќе бидат потребни околу 20 до 30 дена за нивно целосно ставање во оперативност, по што, како што рече, медиумите ќе бидат повикани на нивна презентација.

Премиерот Христијан Мицкоски се заблагодари на Европската Унија и на амбасадорот за донацијата и за, како што рече, препознавањето на квалитетот и посветеноста на Македонската армија како составен дел од НАТО Алијансата. Тој упати благодарност и до Министерството за одбрана, началникот на Генералштабот, старешините и војниците за денешната вежба и нивната работа.

Мицкоски порача дека Владата останува посветена на исполнување на обврските кон НАТО и посочи дека средствата што се издвојуваат за одбраната во македонскиот случај достигнуваат и до четири проценти од Бруто-домашниот производ, што, како што наведе, е цел што Владата ќе настојува да ја одржи и во наредните години.

„Пред неколку дена во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, кој јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти кои во моментов ги движиме, вклучително и средствата кои ги издвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО. Тие во нашиот случај достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел којашто ќе се обидеме во годините коишто следат да ја одржиме-четири отсто од Бруто домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние како Влада имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам дека е навистина исклучително конкурентна“, истакна премиерот Мицкоски.

Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци