ПОЛИТИКА
1 мин читање
САД и Украина во Саудиска Арабија разговараат за изгледите за мир со Русија
Според саудискиот телевизиски канал Ал Арабија, на разговорите присуствуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, во присуство на саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсал
00:00
САД и Украина во Саудиска Арабија разговараат за изгледите за мир со Русија
Се очекува Украина да предложи план за делумен прекин на огнот со Русија, со цел повторно да ја добие поддршката од Вашингтон
11 март 2025

Делегации на САД и Украина денеска се сретнаа во саудискиот град Џеда за да разговараат за изгледите за можен мировен договор со Русија.

Според саудискиот телевизиски канал Ал Арабија, на разговорите присуствуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, во присуство на саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсал бин Фархан.

Се очекува Украина да предложи план за делумен прекин на огнот со Русија, со цел повторно да ја добие поддршката од Вашингтон, изјави истиот извор.

Разговорите имаат за цел зајакнување на американско-украинските односи по неколкунеделни тензии, вклучително и судирот во Белата куќа минатиот месец меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп во неделата рече дека САД очекуваат Украина да покаже подготвеност да продолжи со мирот.

„Ќе направиме многу напредок“, додаде тој.

Зеленски во понеделникот на Телеграм  напиша дека Украина отсекогаш барала мир од почетокот на војната, што укажува дека Русија е единствената причина зошто војната сè уште трае.

 Русија на 24 февруари 2022 година почна воена офанзива против Украина. 

Москва бара од Киев да се откаже од аспирациите за приклучување кон западните воени сојузи како услов за мир, што Украина го гледа како „мешање“ во нејзиниот суверенитет.


Повеќе
Француските пензионери излегоа на протести против владините мерки
Антифашистички протест во Вашингтон на годишнината од изборот на Трамп
Руте: НАТО повеќе не заостанува зад Русија во производството на муниција
Трамп може воено да интервенира во Нигерија ако продолжи насилството врз христијаните
Муцунски: Надворешната политика е највисоко оцената и покрај геополитичките предизвици
Голем тест за моќта на Трамп: Врховниот суд ја разгледува легалноста на царините
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
Русија: Не се исполнети условите за средба меѓу Путин и Трамп
Кина укина некои од царините за увозот од САД
Муслиманите во Њујорк ја слават победата на Мамдани
Зохран Мамдани ветува дека ќе испорача успех за Њујорк и ќе биде модел за победа над Трамп
Извештај за проширување: Европската комисија ја пофали Украина, но предупредува на корупција
Германскиот канцелар Мерц го покани сирискиот претседател ал-Шара во Берлин на разговори
Мамдани води на гласачкото ливче каде жителите на Њујорк го избираат следниот градоначалник
Кина ја повикува Германија да се воздржи од „мегафонска дипломатија“
Финскиот претседател предупредува на „нова нуклеарна ера“ поради зголемените безбедносни закани
Зеленски: Не сум видел никаков европски план за завршување на војната
Калас: Нема потреба за меѓународни интервенции во БиХ
Трамп ја исклучува можноста за трет мандат
Трамп: Деновите на венецуелскиот претседател се одбројани