| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Гренланд: Напредок во преговорите со САД, островот не е на продажба
Веруваме дека има напредок и од гренландска страна сме фокусирани на наоѓање решение што ќе биде добро за сите нас, а најважно е да нема закана од анексија, преземање или купување на Гренланд и народот на Гренланд, изјави премиерот Нилсен
Гренланд: Напредок во преговорите со САД, островот не е на продажба
Специјалниот претставник на САД, Џеф Ландри, кој беше назначен од Трамп, денеска во Нуук одржа средба со Владата на Гренланд / Reuters

Владата на Гренланд денес објави дека е постигнат напредок во разговорите со САД за иднината на арктичкиот остров, но рече дека Гренланд никогаш нема да биде на продажба, и покрај интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за американска контрола врз територијата.

Специјалниот претставник на САД, Џеф Ландри, кого Трамп го назначи минатата година да ја предводи иницијативата за зајакнување на влијанието на САД во Гренланд, пристигна во Нуук во неделата, каде што денес се сретна со премиерот Јенс Фредерик Нилсен и министерот за надворешни работи Муте Егеде.

„Веруваме дека има напредок и од гренландска страна сме фокусирани на наоѓање решение што ќе биде добро за сите нас, а најважно е да нема закана од анексија, преземање или купување на Гренланд и народот на Гренланд“, изјави Нилсен за новинарите по состанокот, објави Ројтерс.

Ландри сè уште не дал официјална изјава, но по пристигнувањето им рекол на локалните медиуми дека дошол да „слуша и да учи“.

Изјавите на Доналд Трамп дека САД мора да го преземат или контролираат Гренланд, автономна територија на Данска, предизвикаа тензии меѓу Вашингтон и Копенхаген, кои се членки на НАТО, но и пошироко во Европа.

„Тие побараа состанок, а ние ја објаснивме нашата ситуација и позиции, како и нашите црвени линии - нема да го продадеме Гренланд, Гренланд ќе остане наш засекогаш“, рече Егеде.

Гренланд, Данска и САД претходно оваа година се согласија да одржат дипломатски разговори на високо ниво за да се обидат да ја решат кризата, но резултатите од тие разговори сè уште не се објавени јавно.

Соединетите Американски Држави сакаат да го зголемат своето воено присуство во Гренланд и да го вклучат островот во планираниот нуклеарен одбранбен систем „Златна купола“ на Трамп.

САД моментално имаат една активна база во Гренланд, вселенската база Питуфик на северозапад од островот, додека во 1945 година имаа околу 17 воени инсталации низ Гренланд со илјадници американски војници и персонал.

Повеќе
Туркије ја осуди израелската интервенција врз хуманитарната флотила кон Газа
Иран: Преговорите со САД продолжуваат со посредување на Пакистан
Албанезе: Земјите од Медитеранот да ја заштитат хуманитарната флотила Сумуд од Израел
Израел изградил две тајни воени бази во Ирак за операции против Иран
Медиуми: Израел „се подготвува да заплени флотила што се упатува кон Газа“ во меѓународни води
Киев тврди дека руските трупи нападнале кинески трговски брод во украинските територијални води
Вучиќ: Посетата на Кина ќе биде најзначајната во последните 30 години
Калас: САД, Кина и Русија не ја сакаат силна и обединета Европа
Фидан утре во Берлин: Клучни разговори за ЕУ, трговијата и Блискиот Исток
САД: Примирјето меѓу Израел и Либан продолжено за 45 дена по разговорите во Вашингтон
Јилдиз: Сирија се движи кон стабилност и покрај регионалните превирања
Жените од Кајсери ги претвораат камењата во кукли, негувајќи ја анадолската култура
Аргентина го измени Законот за глечери: Како ќе влијае врз природните ресурси?
Блеф или фалење: Зошто Нетанјаху вели дека Израел сака да одбие американски пари?
Од нафта до гас, како Туркије го обезбеди својот енергетски вишок