| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
„Сигурно нема да ги оставиме неказнети криминалните агресори кои ја нападнаа нашата земја“, рече ајатолахот
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Моџтаба Хамени: Управувањето со Хормускиот Проток ќе влезе во нова фаза / TRT Balkan

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, изјави дека управувањето со Ормускиот Проток „сигурно ќе влезе во нова фаза“, ветувајќи дека Техеран ќе бара надомест за сите штети поврзани со војната.

Во пораката, објавена од неговиот кабинет на 40-тиот ден од убиството на неговиот татко, поранешниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, неговата смрт е опишана како „тежок и историски удар“ за иранската нација и еден од најболните моменти во нејзината понова историја.

Сегашната фаза ја опиша како продолжение на неговиот пат и наследство.

Околу Ормускиот Проток

Хамнеи рече дека Иран ќе се движи кон нова стратешка фаза со Ормускиот Проток.

„Управувањето со Ормускиот Проток сигурно ќе влезе во нова фаза“, рече тој, без да даде дополнително образложение.

Компензација и одговорност

Хамнеи нагласи дека Иран ќе бара правна и материјална одговорност за штетите.

„Сигурно нема да ги оставиме неказнети криминалните агресори кои ја нападнаа нашата земја“, рече тој.

Тој додаде дека Иран ќе „бара надомест за сите штети, како и за крвта на мачениците и ранетите“.

Преговори и воен став

Коментарите доаѓаат во време кога Иран се подготвува за преговори со САД во Пакистан, кои се очекува да започнат во сабота со посредство на Исламабад и да траат околу две недели.

Иран изјави дека разговорите имаат за цел да ги финализираат деталите за потенцијалниот договор, нагласувајќи дека тоа не значи крај на конфликтот.

Хамнеи, исто така, предупреди дека Иран останува подготвен да одговори на секоја обновена агресија.

„Нашите раце се на чкрапалото“, рече тој, додавајќи дека секоја грешка од страна на противниците ќе наиде на решителен одговор.

Регионот е во состојба на готовност откако Израел и САД започнаа офанзива против Иран на 28 февруари, во која загинаа најмалку 3.000 луѓе, вклучувајќи го и поранешниот врховен лидер.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот кои имаат воени објекти на САД, предизвикувајќи жртви и штети на инфраструктурата и нарушувајќи ги глобалните пазари и авијацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделен прекин на огнот во четврток, велејќи дека Иран претставил „функционален“ предлог од 10 точки, додека се очекува преговорите да утврдат дали може да се постигне долгорочен договор.

Повеќе
Аргентина го измени Законот за глечери: Како ќе влијае врз природните ресурси?
Блеф или фалење: Зошто Нетанјаху вели дека Израел сака да одбие американски пари?
Од нафта до гас, како Туркије го обезбеди својот енергетски вишок
Германски генерал: Русија се подготвува за голем судир со Западот до 2029 година
Зошто Путин сега сигнализира за мир во Украина?
Ердоган на самитот во Казахстан: Туркискиот свет да се солидаризира во услови на глобална криза
Туск: Недоаѓањето на американските трупи е само логистичко прашање
Можат ли Трамп и Kси да постигнат договор во расцепканиот светски поредок?
Лавров: Индија може да посредува во односите меѓу Иран и арапските држави
Кос- Курти: Реформи и дијалог со Србија за почеток на преговорите на Косово за прием во ЕУ
Мерц го повика Иран да се врати на преговорите со САД за прекин на војната
Трамп разговараше со јапонската премиерка Такаичи по посетата на Кина
Блумберг: ОАЕ неуспешно се обидоа да ги обединат земјите од Персискиот Залив да го нападнат Иран
Турскиот и узбекистанскиот претседател се сретнаа во казахстанскиот град Туркистан
Путин следната недела ќе ја посети Кина, неколку дена по посетата на Трамп