Соединетите Американски Држави им претставија на партнерските земји нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН (СБОН) насочена кон зајакнување на мировниот план на претседателот Доналд Трамп за Газа од 20 точки, вклучително и со одобрување на формирање на Меѓународни безбедносни сили (ИСФ), соопшти мисијата на Вашингтон.
Американскиот амбасадор Мајк Валц ја сподели нацрт-резолуцијата со 10-те избрани членови на Советот за безбедност и неколку регионални партнери - Туркије, Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Засега не е одреден датум за гласање за нацрт-законот.
Во соопштението на САД се вели дека резолуцијата „го поздравува Одборот за мир“, преодно управно тело за Газа предвидено во планот од 20 точки на Трамп, со кое тој ќе претседава.
Исто така, „ги овластува Меѓународните сили за стабилизација“ [ISF] наведени во мировниот план.
Според дипломатски извори, неколку земји изразиле подготвеност да учествуваат во ИСФ, но инсистираат на мандат од Советот за безбедност пред да распоредат трупи на палестинската територија.
„Под храброто водство на претседателот Трамп, Соединетите Американски Држави повторно ќе постигнат резултати во ОН - не бескрајни разговори“, рече портпаролот на САД.
Создавањето на меѓународните сили е клучен елемент од договорот за прекин на огнот од 10 октомври меѓу Израел и групата на отпорот Хамас.
Според договорот, војниците би биле составени главно од арапските и муслиманските земји и распоредени во Газа за да ја надгледуваат безбедноста додека израелската армија се повлекува.
„Страните ја искористија оваа историска можност конечно да го прекинат децениското крвопролевање и да ја остварат визијата на претседателот за траен мир на Блискиот Исток“, додаде портпаролот на САД.
Последователните фази од планот на Трамп вклучуваат понатамошно повлекување на Израел од Газа, разоружување на Хамас и реконструкција на опустошената палестинска енклава.














