| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски во Доха: Со Катар ќе ја унапредуваме соработката во одбраната и безбедноста
Ги разгледавме можностите за унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста, надградувајќи го силното партнерство меѓу нашите земји, рече Муцунски по средбата со катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани
Муцунски во Доха: Со Катар ќе ја унапредуваме соработката во одбраната и безбедноста
Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, со фокус на состојбите на Блискиот Исток / Others

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани.

Од Министерството информираат дека во разговорите со претседателот на Владата на Катар било потврдено одличното ниво на билатералните односи и била реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување.

Посебен акцент бил ставен на продлабочувањето на политичкиот дијалог, како и на економската и инвестициската соработка, како значајни сегменти од идните односи меѓу двете држави.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, со фокус на состојбите на Блискиот Исток, пошироката меѓународна безбедносна средина и можностите за поинтензивна соработка во рамки на мултилатералните организации.

„Ги разгледавме можностите за унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста, надградувајќи го силното партнерство меѓу нашите две земји. Го истакнавме придонесот на нашата земја како сојузник во НАТО и го поздравивме вредното партнерство на Катар со Алијансата во промовирањето на мирот и стабилноста“, напиша Муцунски на социјалните платформи.

За време на средбата било нагласено дека посетата ќе даде нов импулс на севкупната билатерална соработка и ќе отвори дополнителни можности за реализација на заеднички иницијативи.

„Разговаравме за можностите за натамошно продлабочување на билатералната економска и трговска соработка, како и за создавање нови можности за поврзување на бизнис-заедниците на двете држави. Се согласивме дека позитивната динамика во политичките односи треба да биде проследена со поинтензивна инвестициска и трговска соработка, преку конкретни иницијативи. Воедно, разменивме мислења за конкретни области со потенцијал за продлабочување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување поактивна соработка“, изјави Муцунски.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со државниот министер за надворешни работи, Султан бин Саад Ал-Мураичи.

По средбата биле потпишани Договорот меѓу владите на двете земји за ослободување од визи за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, Меморандумот за воспоставување политички консултации и Меморандумот за соработка во областа на дипломатската едукација.

Со потпишувањето на овие документи е поставена дополнителна институционална основа за натамошно унапредување на политичките односи и за зајакнување на соработката во областите од заемен интерес.

Повеќе
Поскапуваат и дизелот и бензините
Турскиот претседател ќе биде домаќин на светските лидери на самитот на НАТО во Анкара
Туркије ќе биде домаќин на лидери од економски блок вреден 70 милијарди долари на Самитот на НАТО
Се заострува јавниот спор меѓу Трамп и Мелони
Глобален дијалог за ВИ во Женева – Гутереш: Вештачката интелигенција го обликува светот
Украина вели дека 11 лица загинале, 46 се повредени во рускиот воздушен напад во текот на ноќта
Четворица Палестинци убиени, а 22 повредени во израелските напади во Газа
Поранешниот јужнокорејски премиер објави кандидатура за лидер на владејачката партија
Најмалку 25 лица загинаа во топлотниот бран што ги зафати САД
Извештај: Крадци украле накит во вредност од милиони евра од музејот Лалик во Франција
Турската фрегата ја претставува Туркије на настаните по повод 250-годишнината од САД во Њујорк
Зеленски: Украина може да ја надмине Русија во производство на оружје на долг рок
Мерц до Трамп: Германија е подготвена да преземе поголема одговорност за европската безбедност
Наскоро средба Трамп – Нетанјаху
Финска планира да нарача системи за воздушна одбрана од Шведска вредни 108 милиони евра