| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Вадефул: Русија не е подготвена за прекин на огнот, потребни се посилни санкции
Шефот на германската дипломатија вели дека средбата со Лавров во Њујорк покажала оти Русија не е заинтересирана за прекин на огнот, додека ги засилува нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.
Вадефул: Русија не е подготвена за прекин на огнот, потребни се посилни санкции
Johann Wadephul (CDU), Außenminister / Foto: Sebastian Gollnow/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во денеска изјави дека Русија не е подготвена за прекин на огнот и дека санкциите треба да се засилат за да се зголеми притисокот врз Москва да ги запре нападите и да се врати на преговарачката маса.

Говорејќи на панел-дискусија во рамките на Варшавскиот безбедносен форум во полскиот главен град, Вадефул го критикуваше договорот на администрацијата на Трамп со Русија во врска со дизелот. Тој нагласи дека Европејците треба да останат доследни и да не отстапуваат од санкциите против Москва.

Прашан за неговата средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Њујорк минатиот месец, по долга пауза во дијалогот на високо ниво, Вадефул рече дека разговорите му покажале оти руската страна не е заинтересирана за прекин на огнот.

„Многу луѓе во Европа, а особено во Германија, нè прашуваа нас и мене: ’Зошто не разговарате со Русите?‘“, рече тој. „И така, сега го имав тој разговор и го видовте резултатот. Тоа е многу мрачен резултат“, додаде тој, осврнувајќи се на силните руски напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина.

Високиот германски претставник оцени дека рускиот претседател Владимир Путин во моментов се обидува да ја одолговлекува војната, сметајќи дека може да ја доведе Украина во потешка положба во текот на зимата.

„Тој смета дека одолговлекувањето на војната и искористувањето на воените можности што ги има во текот на зимата е полесниот пат за него“, рече Вадефул, додавајќи дека, како контрастратегија, западните земји треба дополнително да ги засилат санкциите за да го зголемат притисокот врз Москва.

„Мораме да ја земеме предвид неговата проценка, елементите на неговото размислување и да му го промениме сценариото“, рече тој. „А тоа е можно само ако тој сфати дека одолговлекувањето на војната е поризичен пат за него лично или за неговиот режим.“

Тој исто така истакна дека европските земји очекуваат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да помогне во ставањето крај на конфликтот и изнаоѓањето дипломатско решение.

„Очекуваме Кина, која има најголемо влијание врз рускиот режим, навистина јасно да им стави до знаење дека мораат да ја запрат оваа војна. И, се разбира, сметам дека овој многу јасен и цврст став на Европската Унија и на другите европски партнери е многу важен“, рече Вадефул.

Повеќе
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Mедиуми: Саудиска Арабија ја отфрлила израелската понуда за приклучување кон борбата против Хутите
Зеленски: Русија нападна електрана иако Трамп најави прекин на нападите врз енергетска инфраструра
Турскиот потпретседател: Иницијативата „Туркије без тероризам“ напредува позитивно
Израелската армија го гранатира јужен Либан
Калас ги повика САД да се усогласат со ЕУ во однос на санкциите против Русија
Трамп: Русија ќе испорача 300.000 тони дизел на американскиот и глобалниот пазар
Гутереш ги осуди санкциите на САД против МКС
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Трамп ги нарекува корисниците на терминот „вештачка интелигенција“ „непријатели“