| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа повторени избори за градоначалник
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник / AA

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Гласањето почна во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.

Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 82 870 граѓани со право на глас, 78 185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4 604 гласачи.

Во Маврово Ростуше има 40 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 10 575 избирачи, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, а во странство 951.

Во Врапчиште на 39 избирачки места треба да гласаат 27 279 граѓани, од кои 26 318 се постојани жители на Општината, додека во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950.

Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562, од нив 6 305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1257 лица. Таму ќе се гласа на 16 избирачки места.

Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман