Претседателот Ердоган со официјална церемонија го пречека германскиот канцелар Мерц
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој е во посета на Туркије
Коњичките офицери го пречекаа службениот автомобил на Мерц на улицата пред Претседателскиот комплекс и го испратија до официјалната порта.
Претседателот Ердоган го пречека Мерц на главниот влез на комплексот. Откако Ердоган и Мерц ги зазедоа местата на просторот за церемонија, оркестарот ги отсвири националните химни на двете земји.
На церемонијата беа претставени знамињата и војниците што ги претставија шеснаесетте турски држави основани низ историјата, а во чест на Мерц беше истрелан плотун од 21 топ.
Германскиот канцелар Мерц ја поздрави Свечената гарда на Гардискиот полк, велејќи: „Здраво војници.“
Ердоган и Мерц си ги претставија своите делегации, по што се ракуваа на скалите пред претседателската палата, позирајќи за медиумите.
Ердоган и Мерц во претседателската палата продолжија со билатерална средба, а заедничката прес-конференција е закажана по состанокот меѓу делегациите. По состанокот Ердоган и Мерц ќе присуствуваат на официјален ручек.
На церемонијата присуствуваа и Хасан Доган, личниот секретар на претседателот на Туркије, директорот за комуникации на претседателот, Бурханетин Дуран, главниот советник за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Килич, директорот за одбранбена индустрија на претседателот, Халук Ѓорѓун, гувернерот на Анкара, Васип Шахин и заменик-претседателот за надворешни работи на АК Партијата, Зафер Сиракаја.