Делегација на Армијата предводена од генерал-мајор Лафчиски во официјална посета на ВС на Туркије

За време на престојот генералот Лафчиски ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Туркије, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана, Јашар Ѓулер.

Делегација на Армијата предводена од генерал-мајор Лафчиски во официјална посета на ВС на Туркије / AA

Делегација на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Туркије.

За време на престојот генералот Лафчиски ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Туркије, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана, Јашар Ѓулер. Согласно програмата, на средбите ќе се разговара за тековната билатерална воена соработка, како и можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка во областите од заемен интерес помеѓу двете пријателски држави.

Покрај официјалните средби, во рамки на престојот предвидено е армиската делегација да посети еден од капацитетите на ВС на Република Туркије.