| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
ЈТБ организираше програма „Ифтар на братството на Балканот“ во Скопје
Претседателот на Одборот на доверители на Фондацијата „Илим Јајма“, Билал Ердоган ѝ се заблагодари на ЈТБ за организацијата на ифтарот и изрази задоволство за отворањето на новата џамија во Скопје, изградена од Фондацијата за верски работи на Туркије
ЈТБ организираше програма „Ифтар на братството на Балканот“ во Скопје
Ердоган нагласи дека односите меѓу Туркије и Северна Македонија даваат убави плодови / AA

Управата на Турците во странство и сродните заедници- ЈТБ (YTB) во Скопје ја организираше програмата „Ифтар на братството на Балканот“.

На ифтар-програмата одржана во хотел во Скопје присуствуваа претседателот на Одборот на доверители на Фондацијата „Илим Јајма“, Билал Ердоган, амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претседателот на Управата на Турците во странство и сродните заедници, Абдулхади Турус, претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Абдулах Ерен, потпретседателите на АК Партијата, Хасан Басри Јалчин и Зафер Сиракаја, претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Билал Суџубаши, ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, пратеници од македонското Собрание, студенти и бројни други гости.

Во своето обраќање, Ердоган ѝ се заблагодари на ЈТБ за организацијата на ифтарот и изрази задоволство за отворањето, на почетокот на Рамазан, на новата џамија во Скопје, изградена од Фондацијата за верски работи на Туркије-ТДВ (TDV).

Нагласувајќи дека односите меѓу Туркије и Северна Македонија даваат убави плодови, Ердоган изјави: „Како Туркије, нашата поврзаност и интерес за Балканот се сосема посебни.“

„Под водство на нашиот претседател, Туркије повторно го отвори своето срце за целата наша духовна географија, а плодовите од тоа ги гледаме на овие убави собири“, додаде тој.

„Балканот регион со големо значење за надворешната политика на Туркије“

Амбасадорот Улусој, од своја страна, истакна дека Туркије е нераскинлив дел од Балканот поради географската положба, историјата и културните врски, додавајќи дека Балканот зазема многу важно место во турската надворешна политика.

Улусој исто така ја нагласи важноста што Туркије ја придава на безбедноста, благосостојбата и стабилноста на регионот.

Турус, пак, изјави дека луѓето израснати на Балканот ѝ донеле големи вредности на Туркије и им се заблагодари на присутните за учеството на ифтарот на братството.

Ерен, претседателот на ТИКА, соопшти дека во текот на месецот Рамазан, ТИКА ќе стигне до околу 600 илјади луѓе во 95 земји низ светот.

Оценувајќи го Скопје како еден од најважните градови во Румелија, Ерен изјави: „Ние, како Турци од Западна Тракија, многу добро знаеме што значи да се биде далеку од татковината и да се живее под притисок, зачувувајќи го сопствениот идентитет“.

„Ќе продолжиме да бидеме заедно низ целиот Балкан“

Хасан Басри Јалчин изрази задоволство што се наоѓа во Скопје и рече дека, во согласност со визијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе продолжат да бидат присутни низ целиот Балкан и да учествуваат на вакви настани.

Зафер Сиракаја ги пренесе поздравите од претседателот Ердоган, нагласувајќи дека тој внимателно ги следи прашањата на граѓаните и сонародниците на Балканот.

Извор: АА

Повеќе
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите
Ареф: Безбедноста на Ормутскиот теснец не е возможна без гаранции за иранската нафта