Некои од најважните настани во 35-годишната независност
РЕГИОН
5 мин читање
Некои од најважните настани во 35-годишната независностРепублика Македонија која подоцна го смени името во ПЈРМ па во Северна Македонија успеа да ја напушти СФРЈ без испукан куршум, но во три и пол децении самостојност доживеа многу предизвици. Ова е преглед на некои од најважните настани.
Некои од најважните настани во 35-годишната независност / TRT Balkan

Исчекувања, неизвесност и страв од развојот на настаните во поранешна Југославија, но и копнеж и желба за остварување на сонот на многу генерации за самостојна македонска држава. Во ваква атмосфера пред 35 години беше организран референдумот за независност. На 8 септември 1991 година на гласање излегоа 1.132.595 граѓани. Огромно мнозинство од нив 1.079.308 или над 95%  гласаа „ЗА самостојна Македонија“ како што тогаш гласеше референдумското прашање, а „ПРОТИВ“ беа 39.639 гласачи. 

Претходно, на 25 јануари во Собранието беше усвоена и Декларацијата за независност. Тогашната Република Македонија успеа да ја напушти југословенската федерација без испукан куршум. Беше надвор од вртлогот на војните на поранешните ју-простори. 

Ова е преглед на некои од најважните настани во 35-годишната независност.

Грција не сакаше да ја признае новата држава 

Народот ја донесе одлуката, но веднаш започнаа и проблемите. Јужниот сосед Грција одби да ја признае новата држава. Се плашеше од наводни територијални претензии и не дозволуваше друга земја да има име како регионот во нејзини граници. Дури успеа и да ја издејствува Лисабонската декларација со која тогашната Европска Заедница и наложи на новата држава во својот назив да го нема зборот Македонија. Следуваше и грчко ембарго и нафтената криза. 

Сепак декларацијата не заживеа и државата во 1993 стана членка на Обединетите нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. 

Во 1995 беа нормализирани односите меѓу двете држави и беше потпишана времената спогодба според која Поранешната Југословенска Република Македонија меѓу другото го смени и државното знаме.

Атентат, воен конфликт, Рамковен договор, авионска несреќа

Истата 1995 година, на 3 октомври се случи и атентатот врз поранешниот престедател Киро Глигоров. Мотивите и сторителот се уште не се познати. Атентатот врз првиот македонски претседател и еден од најзаслужните што земјата по мирен пат ја обезбеди својата самостојност внесе дополнителна тензија не само во државата туку и во целиот регион.

Во 2001 година се смени траекторијата по која земјата се движеше до тогаш. Повеќемесечниот оружен конфликт однесе животи, а заврши со потпишување на Рамковниот договор на 13 август. Со овој договор требаше да им се стави крај на меѓуетничките тензии.

Три години потоа, во 2004, во авионска несреќа кај Мостар загина претседателот на државата Борис Трајковски. Во несреќата животот го загубија и двајца членови на екипажот и осум членови на кабинетот.

Преспански договор, ново име и прием во НАТО

Иако со времената спогодба од 1995 Грција беше обврзана да не го попречува македонското членство во меѓународни органзации, на самитот на НАТО во Букурешт одлучи да стави вето. Дури 20 години потоа членството во северноатлантската Алијанса стана реалност. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на овој созјуз.

На приемот му претходеше потпишување на Преспанскиот договор според кој новото име на државата за домашна и меѓународна употреба е Северна Македонија. Со овој договор во 2018 година се стави крај на спорот со Грција кој траеше повеќе од две и пол децении.

Уставните измени предвидени со договорот беа ставени на референдум со прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција”? 

На гласање излегоа 666.743 граѓани. Од нив 609.813 или 94,18 проценти гласаа ЗА додека 37.700 или 5,82 проценти беа ПРОТИВ. Сепак одлуката на референдумот не беше усвоена бидејќи не гласале минимум 50 проценти + 1 од регистрираните гласачи во избирачкиот список. Се премина на гласање во Собранието. Измените на Уставот беа усвоени откако за нив гласаа 80 пратеници.

Упад во Собранието на 27 април

Настаните во Собранието на 27 април 2017 година ја покажаа поделеноста во македонското општество. Случувањата тој ден во Парламентот се квалификуваат и како обид за државен удар. Сликите од тепачките, раскрвавените глави и она што потоа се случуваше се одвиваа пред очите на домашната и меѓународната јавност. Државата беше на раб на поширок граѓански кокнфликт.

Бугарско вето, неизвесен датум за преговри со ЕУ

Триесет и пет години по изгласувањето на независноста, Северна Македонија се наоѓа пред еден од најголемите предизвици. Сонот за европска иднина може да стане реалност.

Земјата, која го доби статусот на земја кандидат во 2005 година, ги започна преговорите за членство во ЕУ со одржувањето на првата меѓувладина конференција на 19 јули 2022 година.

Откако Северна Македонија ќе ги усвои потребните уставни измени што произлегуваат од билатералниот протокол потпишан со Бугарија, предвидено е да започне со отворање на поглавјата од преговорите за членство во ЕУ. Тоа, меѓу другото, го вклучува и внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

Северна Македонија не може да ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ без внесување на Бугарите во Уставот. За усвојување на оваа измена е потребно двотретинско мнозинство во 120-членото Собрание, односно гласовите на 80 пратеници.

Спортските успеси причина за обединување

Спортот беше една од работите која ги обединувашр македонските граѓани изминативее триесет и пет години без разлика на нација и вера. Првиот златен медал во независна Македонија во февруари 1993 година го носи каратистот Елвир Куртановиќ кој на Европското првенство во карате во Кардиф го освојува првото место. Двојната европска круна на Вардар во ракомет, европската титула на Кометал Ѓорче Петров уште во 2002, пласманите на кошаркарите и ракометарите меѓу најдобрите пет во Европа и секако настапот на македонските фудбалски репрезентативци на Европското првенство беа примери преку кои спортистите им покажаа на политичарите како најдобро се претставува државата и како народот се обединува.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Јаневска во Брисел: Создаваме услови да ги задржиме младите истражувачи и спречиме одлив на мозоци
Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање