| Macedonian
Американците би можеле да добијат некаков вид дивиденда од новите царини
Распределбата на профитот или дивидендите би можела да се организира за нашите граѓани, првенствено за луѓе со средни и пониски приходи, изјави Трамп
Американците би можеле да добијат некаков вид дивиденда од новите царини
Новите тарифи се движат од 10 до 41 %, со највисока тарифа за Сирија, а Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти / AP
4 август 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека некои Американци би можеле да добијат некаков вид дивиденда или распределба на пари како резултат на воведувањето царини за американските трговски партнери.

„Распределбата на профитот или дивидендите би можела да се организира за нашите граѓани, првенствено за луѓе со средни и пониски приходи“, изјави Трамп пред новинарите додека го напушташе својот голф клуб во Њу Џерси, објави Ројтерс.

Во петокот, претседателот на Соединетите Американски Држави потпиша извршна наредба за нови царински тарифи за увоз од 69 земји, кои ќе стапат на сила во рок од седум дена.

Новите тарифи се движат од 10 до 41 процент, со највисока тарифа за Сирија, а Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти.

Србија ќе се соочи со царини од 35 проценти, а Босна и Херцеговина од 30 проценти. Ирак 35%, Лаос 40%, Мјанмар 40%, Швајцарија 39%. Царините за канадска стока се зголемуваат од 25 на 35 проценти, но ќе стапат на сила од петок.

Овие тарифи се дел од стратегијата на Трамп за намалување на трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави, објави претходно Ројтерс.

Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец