Како се рангирани земјите од регионот според Индексот за глобален инвестициски ризик и отпорност?

Од земјите од регионот, по Косово, најдобро рангирана е Хрватска на 42 позиција, додека Северна Македонија е на 65-тата позиција.

Како се рангирани земјите од регионот според Индексот за глобален инвестициски ризик и отпорност? / AA

Косово е рангирано на 26-то место во светот според Индексот за глобален инвестициски ризик и отпорност на „Хенли и партнерс“. Ова го рангираше Косово како прво во компарација со останатие земји од Западен Балкан.

Косовскиот премиер Албин Курти споделувајќи ја веста на социјалните мрежи истакна дека „ова е важен доказ за нашата сè посилна економска клима“.

Од земјите од регионот, по Косово, најдобро рангирана е Хрватска на 42 позиција, додека Северна Македонија е на 65-тата позиција.

Глобалниот индекс на инвестициски ризик и отпорност е развиен со цел да им помогне на засегнатите страни да ја проценат успешноста на земјите преку сеопфатен сет на показатели што ја одразуваат нивната способност да издржат и да се прилагодат на шокови.

Темелејќи се на речиси 3.000 податоци, структуирани околу два основни параметра — ризик и отпорност — и опфаќајќи 13 показатели (5 што го мерат ризикот и 8 што ја мерат отпорноста), овој пионерски индекс ги оценува 226 земји и територии. Тој обезбедува избалансирана, на податоци заснована проценка на доверливоста на секоја јурисдикција како инвестициска дестинација.

Индексот е структуриран околу два тематски столба:

  • Ризик: Изложености и ранливости на ниво на земја што можат да го загрозат инвестицискиот учинок. Повисоките резултати укажуваат на поголем ризик.
  • Отпорност: Способноста на една земја да апсорбира и да се прилагоди на драстични промени, со што ги заштитува инвестициите. Повисоките резултати укажуваат на поголема отпорност.

Комбинирајќи го учинокот на земјата во овие две димензии во единствен составен резултат, индексот не само што идентификува каде ризиците се повисоки, туку и истакнува каде силната отпорност ги ублажува тие ризици. Со тоа им обезбедува на инвеститорите стратешка алатка за распределба на капиталот, додека на владите им овозможува да ја споредат и унапредат својата атрактивност како дестинации за странски инвестиции.