Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави тесно ја усвои својата верзија на Законот за национална одбрана (НДAA) за фискалната 2027 година, со кој се одобруваат рекордни 1,15 билиони долари воени трошоци.
За законот 216 пратеници гласаа „за“, додека 212 беа „против“, објави Ројтерс.
Гласањето беше во голема мера по партиски линии, при што мнозинството републиканци ја поддржаа мерката, додека мнозинството демократи гласаа против неа.
НДAA вклучува неколку одредби кои издвојуваат стотици милиони долари за заеднички воени проекти меѓу Соединетите Американски Држави и Израел.
Некои демократи се обидоа да ја оспорат одредбата што предвидува зајакнување на безбедносната соработка меѓу САД и Израел, но нивниот предлог не доби поддршка.
Демократите се противат на износот на средства наменети за Пентагон во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и републиканците спроведуваат намалувања на средства за социјалните програми.
Противставувањето е предизвикано и од војната со Иран, за која Пентагон објави дека досега ги чинела САД 37,5 милијарди долари.






















