Советот на Европската Унија во четврток формално усвои два правилници со кои се потврдува царинскиот договор со Соединетите Американски Држави од август минатата година.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатата година постигнаа договор со кој американските царини за европски стоки ќе бидат ограничени на 15%, додека европската страна се обврза да ги елиминира царините за американски индустриски стоки и да го олесни пристапот до пазарот за американските земјоделски производи.
Бидејќи на Европската Унија ѝ требаше долго време да ги донесе законите што овозможуваат спроведување на договорот, Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини доколку договорот не биде ратификуван до 4 јули.
Усвоените правилници содржат заштитни механизми што ѝ овозможуваат на ЕУ да ги суспендира тарифните преференции за САД во случај Вашингтон да не ги исполни своите обврски.
Заштитните мерки, исто така, вклучуваат можност Комисијата брзо да дејствува во случаи на значително зголемување на увозот што предизвикува или се заканува да предизвика сериозна штета на операторите од ЕУ.
Двата правилници сега ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ и ќе стапат во сила денот по нивното објавување.
Европскиот парламент гласаше за дваta правилници минатата недела на пленарна седница во Стразбур.

















