| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Зеленски: 12 загинати и десетици повредени во руските воздушни напади во текот на ноќта
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за ноќните напади додека конфликтот продолжува
Зеленски: 12 загинати и десетици повредени во руските воздушни напади во текот на ноќта
Зеленски: 12 загинати и десетици повредени во руските воздушни напади во текот на ноќта / Reuters

Најмалку 12 лица загинаа, а десетици се повредени во руските напади во текот на ноќта низ Украина, соопшти украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во објава на Телеграм, Зеленски рече дека во бројката се вклучени и седум лица кои загинале во напад врз железничко депо во Киев.

„Исто така, четири лица загинале, а 13 се повредени во градот Бориспил, каде што била оштетена петкатница, а околу 50 жители биле евакуирани“, додаде тој.

Зеленски рече дека биле извршени напади и врз индустриски објекти во областа.

„Во Одеса и околниот регион, нападите ја оштетиле енергетската и извозната инфраструктура, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека бил оштетен и граничен премин со Романија.

Зеленски наведе дека во нападите биле погодиле и регионите Херсон, Доњецк, Запорожје, Харков, Чернигов, Житомир, Суми и Дњепропетровск. „Меѓу загинатите има и индиски државјанин“, рече тој.

Украинскиот претседател го припиша размерот на жртвите на недоволните капацитети за воздушна одбрана и ги повика партнерите да ги зголемат испораките на системи за воздушна одбрана, вклучително и преку иницијативата „Листа на приоритетни потреби на Украина“ (PURL) и билатералните договори.

Зеленски рече дека операциите за спасување и санирање на последиците продолжуваат во Киев и околниот регион, каде што се ангажирани речиси 350 припадници на службите за итни случаи.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на земјата извршиле масовен ноќен напад врз Украина со употреба на далекусежно прецизно оружје и беспилотни летала врз украински воени цели, вклучително и производствен погон за ракети „Фламинго“.

Според Министерството, нападите биле насочени кон воено-индустриски и енергетски капацитети во Киев и Киевската Област кои учествуваат во производството на ракетни системи и системи за беспилотни летала и нивни компоненти, како и кон објекти што ги снабдуваат со гориво украинските сили, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта во Бориспил.

Министерството, исто така, соопшти дека биле погодени објекти во Украина што се користат за складирање воен товар и гориво во Одеса и Одеската Област, вклучително и пристаништата Одеса и Чорноморск.

Независната проверка на тврдењата на двете страни е отежната поради тековниот конфликт.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Русија уништи 37 дронови што летаа кон Москва
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија