| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Гаши: Сеќавањето на изгубените животи во Кочани е повик за поголема одговорност, правда и совест
Правдата не треба да биде ниту пребрза, поради политички ефект, ниту пак, задоцнета, само правдата и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството, рече спикерот на комеморативната седница за годишнината од трагедијата
Гаши: Сеќавањето на изгубените животи во Кочани е повик за поголема одговорност, правда и совест
Трагедијата ни покажа дека одговорноста на институциите е поголема одошто проценуваме и дека правдата е поважна отколку што замислуваме, рече Гаши / Others

Трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор, тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и сплотеност, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето на комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Гаши истакна дека трагичната ноќ засекогаш го променила Кочани и Македонија, оставила длабока рана во целото општество и оти споменот на жртвите мора да биде потсетник за одговорност, правда и солидарност.

„Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро беше 16 март минатата година, кое осамна по трагичната ноќ во Кочани“, рече Гаши.

Тој нагласи дека трагедијата ја погодила целата држава.

„Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки туку изгубија и дел од својата иднина; еден неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани.“

Гаши потсети дека во трагедијата животот го загубиле 63 млади луѓе.

„Таа ноќ, заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат, приказните кои штотуку почнаа да се пишуваат и утрешнината на многу семејства во нашата земја.“

„Меѓу оние што ги загубивме, имаше уметници што со години ја осветлуваа сцената, имаше фудбалски ѕвезди што постепено се издигнуваа и којзнае колку професионалци од различни области што требаше да нè направат горди. Таа ноќ тие му пееја на животот, на надежите, на љубовта и на утрешниот ден. Песната на групата ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ претставуваше само рефрен, денес добива поинакво значење за секој што ја слуша, затоа што за некои од оние што пееја, утрешниот ден навистина никогаш повеќе не дојде, додека за другите – утрето дојде, но без оние што ја пееја“, рече Гаши.

Според него, зборувањето за ваква трагедија е една од најтешките обврски за секоја институција.

„Дури и по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат. Постојат моменти кога, и да ги изберете зборовите внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува.“

Во обраќањето Гаши ја истакна и солидарноста што се појавила во деновите по трагедијата.

„Во најтемните моменти на земјата ја видовме и најсветлата страна на нашето општество. Видовме како блеска силата на хуманоста, утехата што ја носи солидарноста и искрената поддршка.“

Тој посочи дека лекари, медицински сестри, пожарникари, полицајци, Црвениот крст и бројни волонтери несебично помогнале во најтешките моменти.

„Оваа солидарност немаше ниту политички, ниту етнички, ниту верски бои.“

Гаши упати благодарност и до пријателските држави кои помогнале во лекувањето на повредените.

Во обраќањето тој нагласи дека трагедијата мора да биде поттик за одговорност и правда.

„Трагедии како оваа ни покажуваат дека одговорноста на институциите е поголема одошто проценуваме и дека правдата е поважна отколку што замислуваме.“

Тој ги повика институциите да постапуваат професионално и транспарентно.

„Правдата не треба да биде ниту пребрза, поради политички ефект, ниту пак, задоцнета. Само правдата и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството.“

На крајот од обраќањето Гаши им се обрати на семејствата на жртвите и порача дека нивната болка ја чувствува целата држава.

„Вашата болка е болка на целото наше општество, но и споменот на Вашите најмили веќе е дел од нас и од нашата колективна совест.“

Тој го заврши говорот со порака напишана во Книгата на жалост:

„Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители: да се вратиме кон самите себе, кон нашата човечност и конечно да се издигнеме како феникс за повторно да ја изградиме оваа држава од почеток, но врз основа на ПРАВДА, ЧЕСНОСТ, ЧИСТА СОВЕСТ И ИСКРЕНОСТ.“

„Трагедијата од Кочани нека биде последната трагедија на нашата земја, но и наш водич кон праведна држава со владеење на правото. Со највисока почит кон секој изгубен живот и со молитва Бог да ги помилува душите на оние што таа ноќ заминаа во вечноста. Нека е вечен нивниот спомен.“

На комеморативната седница присуствуваа пратеници, министри, претседателот на Собранието Арфим Гаши, како и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци