| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
„Јас сум задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 отсто и е четврти во моментов во Европа, според податоците кои што се објавени“
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП / Other

Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП) истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за средбата со претставниците од градежниот сектор и колку оваа гранка влијае врз Бруто домашниот производ (БДП).

Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 проценти, и како што рече е четврти во Европа. 

„Јас сум задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 отсто и е четврти во моментов во Европа, според податоците кои што се објавени, како процент од БДП-повторно за сите оние кои што ќе го спинуваат, како што впрочем тоа го правеа и порано. Јас сум задоволен, бидејќи седми квартал по ред ние сме просек некаде околу 3,4 во услови кога нашиот најголем трговски партнер, а тоа е Европската унија е под 1 проценти“, зјави Мицкоски. 

Тој цени дека ова е исклучително позитивен резултат за нашата држава.

Претседателот на Владата, Мицкоски пред три четири на прес-конфоренција рече дека податоците кои ги објавува Евростат веќе седми квартал по ред Владата остварува раст на БДП, кој се наоѓа најпрвин во првата половина во Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа. Потсети дека ова не е показател што го објавува Владата, туку ова е параметар што го објавува Евростат.

Според податоците на ДЗС во април оваа година индустриското производство порасна за цели 7,6 проценти во споредба со април минатата година и како што рече Мицкоски „со тоа во првите четири месеци од годината, во првата третина од 2026, како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое ни е во позитива“. Што се однесува за нови креирани работни места во првите 21 месец од работење на Владата податоците покажуваат дека има 16.000 нови креирани работни места.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ