| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид
Управниот одбор на Реал, со кој денес претседаваше Флорентино Перез, одлучи да го назначи Мурињо за тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот клуб
Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид
Реал ѝ платил на Бенфика 15 милиони евра отштета за Мурињо, но не епознато колкава плата ќе зема Португалецот / Reuters

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е новиот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, објави вечерва мадридскиот клуб.

Мурињо потпиша тригодишен договор со Реал. Тој пристигна во мадридскиот клуб од Бенфика, која ја водеше од септември 2025 година.

„Управниот одбор на Реал, со кој денес претседаваше Флорентино Перез, одлучи да го назначи Мурињо за тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година“, објави мадридскиот клуб.

Во соопштението на Реал се наведува дека Мурињо ќе му се придружи на мадридскиот клуб на 13 јули на почетокот на подготовките за новата сезона. Тој го замени Алваро Арбелоа како тренер на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објавуваат дека Реал му платил на клубот од Лисабон 15 милиони евра отштета за Мурињо.

Фудбалерите на Реал ја завршија сезоната без трофеј.

Мурињо (63) веќе го тренираше Реал од 2010 до 2013 година, а потоа освои три трофеи со мадридскиот клуб. Покрај Реал и Бенфика, тој ги тренираше и Леирија, Порто, Челзи, Интер, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома и Фенербахче.

Повеќе
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка