| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Фон дер Лајен, како што се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет за средбата, укажала на неопходноста од деблокада на напредувањето на земјава кон ЕУ
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Претседателката изрази уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија ќе го забрза реформскиот курс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен изразила благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го нејзиниот индивидуален придонес во забрзување на регионалните евроинтеграциски процеси.

Според претседателката, иако нашата држава не е формално меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, таа, низ призма на двата најважни елементи: техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика, заслужува да биде со нив, наместо на споредната патека.

Причината за македонското отсуство од друштвото на најуспешните, за неа е во давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред копенхашките критериуми?!

Претседателката изразила цврсто уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија, со сигурност ќе ја зајакне нашата институционална подготвеност и ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација, што ќе го забрза реформскиот курс.

Исто така, Сиљановска-Давкова потсетила на потребата да се одржи политичка Меѓувладина конференција, согласно новата методологија и Преговарачка рамка, како и регуларен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, потенцирајќи ја важноста на практикувањето витален интеграциски процес, што ќе резултира со видливи резултати за македонските граѓани.

Претседателката на Европската Комисија истакна дека нашето место е во Унијата, којашто ќе продолжи сестрано да нѐ поддржува на реформскиот, евроинтеграциски пат, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни.

Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро.

Повеќе
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Мелони ја повика ЕУ да најде долгорочно решение за високите цени на енергијата
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран
Mедиуми: Саудиска Арабија ја отфрлила израелската понуда за приклучување кон борбата против Хутите
Извештај: Делојт Кипар му помогнале на Абрамович да „скрие“ 10 милијарди долари
Британскиот премиер смета дека Русија се мешала за време на Брегзит
Зеленски: Русија нападна електрана иако Трамп најави прекин на нападите врз енергетска инфраструра
Голем проект за електроенергетска интерконекција на Туркије, Саудиска Арабија, Јордан и Сирија
Турскиот потпретседател: Иницијативата „Туркије без тероризам“ напредува позитивно
Албанија ќе затвори уште едно поглавје од преговорите со ЕУ
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година
Мицкоски: Почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево
Албанија и Израел потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ