| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски - Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка
Заеднички интерес е ова пријателство со Словенија да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти, кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството, рече премиерот
Мицкоски - Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка
Остануваме цврсто посветена на европската иднина и на реформите што носат подобар живот за граѓаните, му порачал Мицкоски на словенечкиот колега

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски остварил средба со претседателот на владата на Словенија, Јанез Јанша на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк .

Според Мицкоски, двајцата премиери разговарале за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот.

„Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите што носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен - европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања, кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Тој нагласи дека Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.

„Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти, кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава“, напиша Мицкоски.

Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел