| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Две третини од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана
Дека ЕУ ќе ги зајакне безбедноста и одбраната веруваат 52% од Европејците, во што најмногу веруваат во Луксембург-76%, но по 47% од Германците и Италијанците и 40% од француските испитаници не се согласуваат со тој став
Две третини од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана
Речиси три четвртини од испитаниците, исто така, ги поддржуваат тековните инвестиции на ЕУ во одбраната или сакаат тие да се зголемат / AA
13 февруари 2026

Околу 68% од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана, додека 42% велат дека нивната лична безбедност е во опасност, покажува анкетата објавена денес.

Анкетата Флеш Евробарометар 574 е спроведена од агенцијата Демоскопија oд Брисел пред Минхенската безбедносна конференција, која почнува денеска, на барање на Европската комисија.

Анкетата покажа дека највисока перцепција за закана има во Франција, со 80%, по што следуваат Холандија и Данска со 77% и Германија со 75%.

Во однос на инвестициите во одбраната, 32% од испитаниците сметаат дека Европската Унија не презела доволно чекори, додека 34% велат дека нивните земји не успеале во однос на тоа.

Сепак, 52% од Европејците веруваат дека ЕУ ќе ги зајакне безбедноста и одбраната, а највисока доверба има во Луксембург со 76%, по што следуваат Португалија со 74% и Литванија со 71%.

Оваа доверба е помала кај трите најголеми членки на блокот - Италија, Германија и Франција - каде што 47% од Германците и Италијанците и 40% од француските испитаници не се согласуваат со тој став.

Речиси три четвртини од испитаниците, исто така, ги поддржуваат тековните инвестиции на ЕУ во одбраната или сакаат тие да се зголемат, при што најголема поддршка е забележана во Португалија со 89%, по што следуваат Финска со 83%, Литванија и Шпанија со 80% и Данска со 78%.

Анкетата Флеш Евробарометар 574 е спроведена онлајн во периодот од 5 до 12 јануари со околу 27.000 испитаници од 27 земји членки на ЕУ.

Повеќе
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран
Трамп вели дека војната на САД и Израел во Иран ќе заврши наскоро
Ердоган: Прекинете ја американско-израелската војна против Иран пред таа да го зафати целиот регион
Милановиќ му порача на израескиот амбасадор: Ова е Загреб, не е Тел Авив
Ројтерс: Досиејата на ФБИ за Епштајн биле хакирани во 2023 година
Кремљ: Мировните преговори за Украина може да се одржат во Истанбул
Мост на иновации од Дигиталпарк Технокент кон Балканот
Трамп: САД ќе изградат нова рафинерија за нафта, прва по 50 години
Инстаграм во Јапонија ќе предупредува ако малолетници пребаруваат самоубиство
Фон дер Лајен: Враќањето кон руските извори на енергија би било стратешка грешка
Убиени над 1.200 лица, меѓу кои и деца, во напади со дронови во операциите против бандите на Хаити
Два дрона паднаа во близина на аеродромот во Дубаи, повредени четири лица
Кина не ги одобрува нападите врз цивилите и земјите  од Персискиот Залив