| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Шпанскиот министер за сообраќај: Железничката несреќа во Адамуз е исклучително чудна
Шините беа сменети на целосно реновираната пруга, замената на свртниците и прекинувачите на тој дел беше завршена во мај 2025 година, затоа оваа несреќа е многу чудна, се случи на делница што е целосно права, без кривини, рече Пуенте
Шпанскиот министер за сообраќај: Железничката несреќа во Адамуз е исклучително чудна
Во судирот на два брзи воза вчера во близина на Кордоба загинаа најмалку 39 лица, а 152 се повредени / Reuters

Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте денес изјави дека железничката несреќа во Адамуз во близина на Кордоба, во која загинаа најмалку 39 лица, а 152 беа повредени, е „екстремно чудна“.

Пуенте разговараше со новинарите на железничката станица Аточа во Мадрид рано утрово за да даде информации за околностите на излетувањето на возот од шините, велејќи дека несреќата е „чудна, многу чудна и многу тешка за објаснување во моментов“, објави дневниот весник „Паис“.

Според министерот Пуенте, сите железнички експерти со кои разговарал во неделата вечерта „се многу збунети“ од несреќата.

Тој потсети дека пругата каде што се случила несреќата била реновирана минатата пролет и дека возот Ирио „бил практично нов, стар помалку од четири години“.

Пуенте објави дека независна комисија ќе биде задолжена за истрага на инцидентот за да разјасни што се случило.

„Во овој момент, не можеме ни да претпоставиме дали станува збор за возниот парки или за пругата. Не знаеме“, нагласи Пуенте и повтори дека навистина е чудно што се случило со оглед на сите околности.

„Шините беа сменети на целосно реновираната пруга во која беа инвестирани 700 милиони евра. Поточно, замената на свртниците и прекинувачите на тој дел беше завршена во мај 2025 година. Затоа оваа несреќа е многу чудна. Се случи на делница што е целосно права, без кривини. Се надеваме дека истрагата ќе ни помогне да разјасниме што се случило“, рече Пуенте.

Шпанскиот министер за транспорт повтори дека најмалку 39 лица загинале, а 152 се повредени во несреќата во Адамуз во близина на Кордоба.

Несреќата се случила околу 19:40 часот кога брз воз со 317 патници од Малага до Мадрид излетал од шините.

На влезот во градот Адамуз, во покраината Андалузија, неговите последни три вагони преминале на соседната пруга каде што се сретнал друг брз воз од Мадрид на пат кон Хуелва.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД