| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Медиуми: Виткоф и Кушнер ја откажале посетата на Израел
Според Ерусалим пост, посетата била откажана откако во меѓувреме, наводно се појавиле несогласувања меѓу Вашингтон и Тел Авив поради израелските напади врз нафтената инфраструктура на Иран
Медиуми: Виткоф и Кушнер ја откажале посетата на Израел
Американците стравуваат дека нападот врз инфраструктурата што го снабдува со гориво и цивилното население во Техеран би можело да има спротивен ефект / Reuters

Американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ја откажале својата посета на Израел закажана за вторник, објави денес Ерусалим Пост, повикувајќи се на неименувани извори.

Според претходната агенда, било планирано двајцата пратеници да пристигнат во Израел на разговори за војната меѓу Израел и Иран, но, во меѓувреме, наводно се појавиле несогласувања меѓу Вашингтон и Тел Авив поради израелските напади врз нафтената инфраструктура на Иран.

Според израелските медиуми, Израел однапред го информирал Вашингтон за плановите за таргетирање на нафтената инфраструктура, но не посочил дека нападите ќе бидат толку обемни.

„Не мислиме дека тоа беше добра идеја“, рече неименуван американски функционер, додавајќи дека американската војска очекувала во голема мера симболичен удар и била изненадена од обемот на операцијата.

Според него, американските претставници стравуваат дека таргетирањето на инфраструктурата што снабдува гориво и за цивилното население во Техеран би можело да има спротивен ефект, зајакнувајќи го иранскиот режим и свртувајќи го јавното мислење против Израел и САД.

Израелски безбедносен функционер, цитиран од Канал 12, изјави дека нападите врз складиштата за гориво делумно имале за цел да испратат порака до Техеран да ги запре нападите врз цивилни цели во Израел.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро во сабота, 28 февруари, во она што го нарекоа „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Повеќе
ЦЕНТКОМ: Трамп информиран за потенцијалните опции за „последен удар“ врз Иран
Санчез:Израелскиот напад врз флотилата е кршење на меѓународното право, ја повикувам ЕУ да дејствувa
Средба Грлиќ Радман – Муцунски: Загреб ја потврди поддршката за европскиот пат на Скопје
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита