| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
Директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски изјави дека од деветте повредени примени на Клиниката, две се со потешки повреди - една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
Скопската полиција регистрирала 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари, а оштетени се и комплексот Вили Водно и објектот Нова Македонија

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. 

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со потешки повреди - една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака. 

Шесте повредени кои се примени на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, како што изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, д-р Небојша Настов, имаат посекотини и набиеници и се третираат амбулантски.

Посочи дека тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.

„Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди, додаде д-р Настов.

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски за МИА изјави дека кај нив не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата.

„Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција. Тоа е она што можам да го кажам од првичниот увид, додаде д-р Стојаноски.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции.

„Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22:00 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица“, соопштои МВР.

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Повеќе
Убиени најмалку 12 Палестинци во израeлските напади врз Газа во последните 24 часа
Мицкоски: Штетите од невремето во Скопје ќе бидат надоместени
Волстрит џурнал: Трамп одобрил историски нуклеарен договор со Саудиска Арабија
Заедничкото вложување на Леонардо и Бајкар, ЛБА Системи, стана целосно оперативно
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
САД го испратија првиот авион со хуманитарна помош на Куба
Фидес ја обвинува новата унгарска влада дека се обидува да ја згасне партијата
Изгубен авион пронајден на дното на океанот по 74 години
Лавров: Русија ја поддржува централната улога на АСЕАН во регионалните прашања
Иран: Со дронови ја нападнавме американската воена база во Кувајт
Конгресмените не ја усвоија забраната на Трамп за трансродови лица во армијата
Рубио: САД остануваат отворени за дипломатски решенија со Иран
Туркије стана 12-ти партнер за дијалог на АСЕАН
Телефонски разговор на Ердоган со летонскиот колега Ринкевич
Комитетот за одбрана на бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во „Безмер"