| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
САД планираат да извршат притисок врз израелски министер за ставање крај на војната во Газа
Патувањето на министерот Дермер наводно било планирано како подготовка за посетата на Нетанјаху на Вашингтон, што се очекува да се одржи во следните две недели
САД планираат да извршат притисок врз израелски министер за ставање крај на војната во Газа
САД планираат да извршат притисок врз израелски министер за ставање крај на војната во Газа / AA
30 јуни 2025

Израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер, кој денес престојува во Вашингтон, се очекува да се соочи со притисок од страна на американската страна за постигнување договор за прекин на огнот и размена на заробеници во Појасот Газа, пренесуваат израелските медиуми.

Весникот „Тајмс оф Израел“ цитира извори според кои главна пречка во преговорите е барањето на палестинската група Хамас за траен прекин на војната, наспроти настојувањата на Израел за постигнување само привремен прекин на огнот што ќе му овозможи повторно продолжување на борбите.

Хамас, исто така, бара враќање на старите механизми за дистрибуција на хуманитарната помош или воспоставување нов систем наместо сегашниот, управуван од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа (GHF), што е поддржано од арапските посредници.

Израел, кој заедно со САД ја поддржуваат ГХФ, тврди дека овој систем е клучен за спречување на Хамас да го пренасочува хуманитарниот товар. Меѓутоа, „Тајмс оф Израел“ известува дека истиот систем ги принудува жителите на Газа да пешачат на долги растојанија за да земат храна, преминувајќи ги израелските воени линии и ризикувајќи го животот под секојдневниот оган.

Според израелскиот весник „Хаарец“, кој се повикува на високи претставници од Белата куќа, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара од Дермер да се постигне договор за „прекин на нападите врз Газа и враќање на преостанатите заробеници“.

Исто така, беше објавено дека американските претставници ќе му кажат на Дермер дека инсистирањето на Израел за „елиминирање на Хамас“ ќе биде оставено за во иднина.

Весникот „Једиот ахронот“ забележува дека последната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во која приоритет му дава на спасувањето на израелските заложници наместо на уништување на Хамас, укажува на промена во приоритетите на израелската Влада.

Телевизискиот „Канал 12“, повикувајќи се на израелски извори, известува дека Армијата побарала од Владата да донесе одлука за следните чекори во конфликтот – дали да ја заврши контролата над Газа или да се постигне договор за размена на заробеници. Во извештајот се тврди дека Армијата го преферира второто.

Во извештајот се нагласува дека патувањето на Дермер било планирано и како подготовка за посетата на Нетанјаху на Вашингтон, што се очекува да се одржи во следните две недели, и се вели дека САД сакаат да се постигне договор пред патувањето на Нетанјаху.

Исто така, „Канал 13“ објави дека израелската Армија го информирала државниот врв дека по речиси 19 месеци копнени напади нема повеќе значајни цели во Газа кои можат да бидат погодени без да се загрозат животите на преостанатите израелски заложници.

Претседателот Трамп, кој на 23 јуни објави прекин на огнот помеѓу Израел и Иран по 12 дена борби, порача: „Постигнете договор во Газа, вратете ги (израелските) заложници“, што беше протолкувано како порака до Нетанјаху.

Повеќе
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран