| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
ЕУ: Нормализација на односите Белград-Приштина и решавање на кризата во Босна и Херцеговина
Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, било разговарано за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Србија и била потврдена потребата од нормализација на односите меѓу Белград и Приштина
ЕУ: Нормализација на односите Белград-Приштина и решавање на кризата во Босна и Херцеговина
Западен Балкан во фокусот на Европскиот совет / AA
15 април 2025

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во Луксембург разговараа за Западен Балкан и ја потврдија потребата од нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и надминување на политичката криза во Босна и Херцеговина.

Со состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ претседаваше високиот комесар за надворешна политика и безбедност Каја Калас, а се разговараше и за војната на Русија во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, односите меѓу ЕУ и Африка и други актуелни прашања.

Министрите разменија мислења и за односите на ЕУ со партнерите од Западен Балкан, фокусирајќи се на тоа како дополнително да се зајакне безбедносната и одбранбената соработка во справувањето со политичките предизвици и како да се зајакне регионалната стабилност.

Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, било разговарано за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Србија и била потврдена потребата од нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Комесарката Калас истакна дека стабилноста и безбедноста на регионот се од суштинско значење за ЕУ.

„Ако ја погледнете мапата, Западен Балкан географски се наоѓа во Европа. Тие треба да бидат во Европската унија. Затоа процесот на проширување е исклучително важен и ние треба да продолжиме со него. Гледаме дека Албанија и Црна Гора прават добри чекори и добри реформи. Се надеваме дека од таму ќе имаме некои успешни приказни“, рече Калас.

Таа додаде дека Босна и Херцеговина моментално е во уставна криза.

„Јасно е дека секој обид за распаѓање на Босна и Херцеговина е неприфатлив. Политичките лидери мора да ги премостат поделбите, а не да ги прошируваат. А кога бев таму, видов и дека сите се согласуваат со проширувањето. Затоа, треба да донесат одлуки во тој поглед, бидејќи меѓународната интервенција може постепено да се укине ако секој види дека е способен да донесе своја одлука“, рече таа.

За дијалогот меѓу Србија и Косово, таа рече дека е јасно дека нормализацијата на нивните односи е од најголема важност.

„Затоа мора да продолжи дијалогот Белград-Приштина. Назначивме нов специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина, а јас ќе ги посетам и подоцна во мај“, додаде таа.

Конечно, таа предупреди дека Европската унија јасно испраќа порака дека нема да гледа позитивно на заминувањето на странски претставници на воената парада во Москва на 9-ти мај.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на босанскиот ентитет на Република Српска Милорад Додик и словачкиот премиер Роберт Фицо најавија учество на овогодинешната парада на Денот на победата во Москва.

Повеќе
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Израелскиот висок суд разгледува петиција за разрешување на крајнодесничарскиот министер Бен-Гвир
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул
Ердоган инсистира на продолжување на примирјето со Иран, го предупредува Израел да не го саботира
Иран: Ќе одговориме на блокадата на САД со целосно затворање на Персискиот Залив
Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за „Пошта“
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Учество на собраниска делегација на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
Привремената претседателка на Венецуела ги повика САД да ги укинат санкциите
Трамп „шокиран“ од Мелони по критиките за односот кон папата и војната во Иран
Вучиќ: Заедно со Израел ќе ги произведуваме најдобрите дронови
Анкета: 79% од Германците се незадоволни од работата на владата
Трамп не размислува за продолжување на примирјето со Иран
Затворениот палестински лидер Баргути се соочува со „брутални“ напади во израелските затвори