Нетанјаху и Кушнер разговараа за втората фаза од договорот за примирје во Газа

Втората фаза од планот предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас

By
Нетанјаху и Кушнер разговараа за втората фаза од договорот за примирје во Газа / Reuters

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и советникот на американскиот претседател Џаред Кушнер инаку зет на Трамп разговораа во Западен Ерусалим за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, соопштија израелските медиуми.

Дискусиите во канцеларијата на Нетанјаху се фокусирале на понатамошното спроведување на договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила на 10 октомври.

Кушнер, и американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, одиграа витална улога во посредувањето за договорот.

Првата фаза од договорот вклучуваше ослободување на израелските заложници во замена за палестински затвореници.

Според договорот за прекин на огнот, палестинската група Хамас ослободи живи 20 израелски заробеници и ги предаде останките на 26 од 28 заложници, од кои повеќето беа Израелци.

Сепак, Израел тврдеше дека едно од примените тела не се совпаѓа со ниту еден од наведените заробеници.

Втората фаза од планот предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.

Според Министерството за здравство на Газа, од октомври 2023 година, во геноцидната војна на Израел загинаа повеќе од 69.000 луѓе, а повеќе од 170.600 се повредени.