Нетанјаху: Израел и САД постигнаа „историски придобивки“ против Иран
Нападот бил неопходен бидејќи Иран ја обновувал својата програма за развој на атомска бомба во нови подземни бункери, како и поради индикациите дека планирал напади врз Израел и американските сили на Блискиот Исток, рече портпаролаката на Нетанјаху
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел и САД постигнале „историски придобивки“ во војната против Иран, која започна откако сојузниците започнаа напади врз Исламската Република.
Портпаролката на премиерот, Шош Бедросијан, во видео порака изјави дека Израел и САД постигнале значајни резултати заедно за да ги заштитат своите граѓани и, како што изјави, „цивилизираниот свет“.
Според неа, нападот бил неопходен бидејќи Иран ја обновувал својата програма за развој на атомска бомба во „нови подземни бункери“, како и поради индикациите дека Техеран планирал напади врз Израел и американските сили на Блискиот Исток.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, пак, му порача на Израел, во разговор што се одржа во текот на ноќта со министерот за одбрана Израел Кац, да „оди до крај“, велејќи дека САД стојат со Израел, соопшти израелското Министерство за одбрана во четврток.
Израел Кац му се заблагодари на Пит Хегсет за обемната американска помош во одбраната на израелските граѓани од иранската ракетна закана, соопшти Министерството.