Израел го уби началникот на Одделот за специјални операции на ИРГЦ

Израелската армија соопшти дека во нивни напад е убиен Рахман Мокадам, началник на Одделот за специјални операции на Иранската револуционерна гарда - ИРГЦ

By
Израел го уби началникот на Одделот за специјални операции на ИРГЦ / Reuters

Израелската армија соопшти дека во нивни напад е убиен Рахман Мокадам, началник на Одделот за специјални операции на Иранската револуционерна гарда - ИРГЦ.

Дневниот весник „Једиот ахронот“ објави за ликвидацијата, без да даде дополнителни детали.

„Канал 12“ тврдеше дека Мокадам наводно е одговорен за обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп во 2024 година.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако САД и Израел во саботата започнаа големи напади врз Иран, при што се убиени повеќе од 800 лица, меѓу кои и иранскиот врховен лидер и високи воени функционери.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон неколку земји од Заливот каде што се наоѓаат американски бази.