| Macedonian
Кибернапад врз Европската комисија
Центарот за сајбер безбедност (CERT-EU) откри овој месец дека меѓународните хакери ја користеле алатката за вештачка интелигенција Артекс за да идентификуваат ранливости во информациските системи
Кибернапад врз Европската комисија
Цел на напади била и платформата за човечки ресурси што управува со пресметка на плати и евиденција за работно време и присуство / AP (Wire)

Европската комисија била цел на сајбер напади, кои нарушиле неколку системи како што се службите за пресметка на плати и евиденција на работно време и присуство, објави Политико во четврток.

Комисијата свика итен состанок на своето највисоко тело за управување со внатрешни кризи за да се справи со сајбер инцидентите, објави Политико.

Комесарот за технологија Хена Виркунен ги информираше другите комесари во среда, се додава во извештајот.

„Европската комисија ги презеде потребните мерки како одговор на откриената сајбер закана“, изјави портпаролот на Европската комисија, Томас Рење, за Политико.

„Нападот беше насочен кон поединечни системи и, во согласност со нашата вообичаена практика, ги известивме засегнатите“, додаде тој.

Центарот за сајбер безбедност (CERT-EU) откри овој месец дека меѓународните хакери ја користеле алатката за вештачка интелигенција Артекс за да идентификуваат ранливости во информациските системи.

Како резултат на тоа, неколку апликации и услуги се отстранети од мрежата како мерка на претпазливост. Пристапот сега е вратен, изјави неименуван функционер на ЕУ за Политико.

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат дали податоците на вработените се компромитирани.

Прекинот траеел повеќе од 10 дена. Меѓу другото, имало проблеми со платформата за човечки ресурси што управува со плати, евиденција за работно време и присуство, како и со системот за надомест на медицински трошоци.

Засегнати буле и преведувачките услуги.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн