| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Димитријевиќ е нов кошаркар на Баерн
Баерн е голем клуб и респектабилна организација, а кога тренерот Светислав Пешиќ ќе ве повика тоа е голема чест, сакав да се вратам во Евролигата и да му помогнам на тимот да победи на што повеќе натпревари, изјави Димитријевиќ
Димитријевиќ е нов кошаркар на Баерн
Трансферот од рускиот Зенит во Баерн беше официјализиран денес и потврден од баварскиот тим / Others

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално има нов клуб. Димитријевиќ за прв пат во кариерата ќе игра во Германија и тоа во редовите на најголемиот клуб Баерн Минхен.

Трансферот од рускиот Зенит во Баерн, денеска е официјализиран и потврден од страна на баварскиот тим.

„Баерн е голем клуб и респектабилна организација, а кога тренерот Светислав Пешиќ ќе ве повика тоа е голема чест. Сакав да се вратам во Евролигата и да му помогнам на тимот да победи на што повеќе натпревари. Тука сме да се бориме за титулата во Германија, купот и место во плеј-офот на Евролигата до последната секунда“, изјави Димитријевиќ по потпишувањето.

Поранешниот југословенски репрезентативец Драган Тарлаќ, кој сега ја извршува функцијата спортски директор во Баерн, имаше само пофални зборови за Димитријевиќ.

„Со Нено го прошируваме ростерот на позиција каде имавме многу проблеми со повреди. Како МВП на ВТБ лигата со големо искуство од шпанската АЦБ и Милано, тој носи огромно искуство, енергија и дефанзивни вештини. Неговата способност да креира решенија во нападот, за себе и за другите, е токму она што ни требаше“, истакна Тарлаќ.

Со овој трансфер, Димитријевиќ повторно ќе игра во најквалитетната клупска европска конкуренција Евролигата.

Баерн по половина од одиграните натпревари (19) е при самото дно на табелата со само 6 победни. Неговото дерби се очекува во среда кога во Минхен ќе гостува шпанската Басконија.

Димитријевиќ (27) зад себе има импресивна биографија. По започнувањето на кариерата во Хувентуд и Валенсија, тој стана вистинска ѕвезда во Русија каде со Уникс Казан ја освои ВТБ лигата и беше прогласен за МВП на регуларниот дел и на плеј-офот.

Оваа сезона ја започна во Олимпија Милано, каде иако ја освои италијанскиот Суперкуп, имаше ограничена минутажа, пред кратко да се пресели во Зенит.

Повеќе
Северна Македонија и Туркије одбележуваат 34 години дипломатски односи
Арагчи разговараше со Пакистан и Катар за регионалните напори за деескалација
Бројот на жртви во пожарот во рускиот гасно-хемиски комплекс се искачи на седум
Рубио им рекол на сојузниците дека САД се повлекуваат од нападите врз Иран за време на санкциите
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти
Иран се договорил со Оман за привремена транзитна траса низ Ормускиот Теснец од 11 километри
Терористичката група СДФ предводена од ЈПГ објави распуштање за да се интегрира со сириската армија
Се затвораат 26 рурални училишта, 300 паралелки помалку во основното и средното образование
Муцунски и Саар потпишаа два документи за билатерална соработка
Ердоган: Туркије е безбедна, довербата на 86 милиони луѓе е во сигурни раце и е обезбедена
Зеленски му ја додели наградата „Национална легенда на Украина“ на Шон Пен
Трамп: Ормускиот теснец е исчистен од мини
Кац: Израел нема да се повлече од Хермон
Девет Палестинци убиени во израелските напади во Газа во последните 24 часа
Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи