| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
„Операцијата се базираше на теренски разузнавачки податоци насочени кон неутрализирање на потврдени закани и планирани терористички напади врз Јордан“, рече Момани.
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија

Јордан соопшти дека во нападите извршени од неговата армија во Сирија се елиминирани повеќе од 20 членови на терористичката група ИСИС (ДЕАШ) и уништено е големо складиште за оружје.

Портпаролот на владата, Мохамед ал-Момани, изјави дека нападите биле извршени откако Јордан го „изгубил трпениете“ со движењата на терористичките групи и заканите за јорданската национална безбедност.

„Операцијата се базираше на теренски разузнавачки податоци насочени кон неутрализирање на потврдени закани и планирани терористички напади врз Јордан“, рече Момани.

„Првичните резултати од оваа операција укажуваат на значителни загуби меѓу ИСИС, проценети на повеќе од 20 членови, како и уништување на голем магацин за оружје што ѝ припаѓал на групата“, рече Момани.

Тој жали за цивилните жртви, велејќи дека Јордан се воздржал од напади на локации каде што разузнавачките информации укажуваат на присуство на цивили.

„Јордан презема мерки на претпазливост за да избегне повредување на цивилите и им придава исто значење на животите на невините цивили надвор од своите граници како што им придава на животите на Јорданците“, рече Момани.

Портпаролот рече дека јорданските власти го следат прашањето со своите сириски колеги.

„Јордан и Сирија ќе формираат заеднички комитет за следење на последиците од операцијата и понатамошно развивање на координацијата во борбата против ИСИС, а воедно и заштита на цивилите“, додаде тој.

Момани нагласи дека Јордан ги цени своите односи со Сирија и е посветен на развивање на соработката меѓу двете земји во соочувањето со заедничките предизвици.

„Координацијата меѓу Аман и Дамаск во борбата против тероризмот, како и шверцот со оружје и дрога, е институционална и континуирана со години“, рече тој.

„Безбедноста на Јордан и безбедноста на Сирија се едно“, рече тој, додавајќи дека борбата против тероризмот останува заедничка цел за двете земји.

Момани ја поврза заканата со неодамнешниот напад врз црква во кој загинаа девет лица во селото Хамуд во јорданската губернија Карак, велејќи дека двете земји ќе продолжат да ја зајакнуваат безбедносната соработка.

Тој, исто така, рече дека Јордан ја поддржува безбедноста, единството и внатрешната стабилност на Сирија и се координира со меѓународните страни за заштита на сириската територија и стабилност, особено во јужна Сирија.

„Никој не може да ја доведе во прашање посветеноста на Јордан кон Сирија“, рече Момани, наведувајќи го згрижувањето на Сиријците од страна на неговата земја и континуираната поддршка за нив.

Сириското Министерство за надворешни работи соопшти рано во вторникот дека ги упатило своите забелешки до Јордан во врска со нападите, за кои рече дека биле извршени без претходна координација. Сириските власти соопштија дека седум лица се убиени во јорданските напади.

Повеќе
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије, повикува на единство во Либија
Макрон: Владата ќе објави силни мерки за смирување на протестите, следниот викенд сè уште е ризичен
Администрацијата на Трамп ја поддржува идејата Орбан да биде на чело на ОН
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Бајрактар: Туркије планира да инвестира 100 милијарди долари во електроенергетската мрежа до 2040 г.
Мерц по изборите: Активно ќе ја поддржиме Србија на европскиот пат
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година
Кина ја отфрла квалификацијата на САД дека Конфучиевите институти претставуваат безбедносна закана
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин