| macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Цвијановиќ: Дејтон не му дава право на странец да носи закони и да го менува уставот
Актуелната криза е една во низата предизвикана од високи претставници, а сега и Кристијан Шмит, кој нема верификација во СБОН, изјави српската членка и претседавач со Претседателството на БиХ на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел
00:00
Цвијановиќ: Дејтон не му дава право на странец да носи закони и да го менува уставот
Според неа, кризата во Босна и Херцеговина не е безбедносна, туку политичка
15 април 2025

Српската членка и претседавач со Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ денеска на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел истакна дека Дејтонскиот договор на ниту еден странец не му дава право да донесува закони или да го менува Уставот.

„Никој нема право, освен домашните институции, да носи закони и да го суспендира Уставот, како што тоа го направи Кристијан Шмит со Уставот на Федерацијата БиХ“, рече Цвијановиќ.

Таа изјави дека средбата поминала како што очекувала.

„Што се однесува до членовите на Претседателството, ние имаме сосема поинаков поглед на ситуацијата во Босна и Херцеговина, односно актуелната политичка криза, која е една од најголемите и една во низата предизвикана од високи претставници, а сега и Кристијан Шмит, кој нема верификација во Советот за безбедност на ОН“, рече Цвијановиќ.

Таа истакна дека на средбата посочила дека повторувањето на истите фрази и примената на старите концепти кои станаа неуспешна приказна нема да и помогне на БиХ.

„Моја обврска беше да укажам дека оваа криза е поврзана исклучиво со постапките на неизбран странец. Укажав дека овој странец нема никаква основа во меѓународното право“, рече Цвијановиќ.

Таа нагласи дека сите мерки и активности што ги презема Народното собрание на Република Српска претставуваат контрамерки и реакција на узурпирачкото и незаконското однесување на Кристијан Шмит.

„Неговите одлуки и постапки беа незаконски и спротивни на меѓународното право“, истакна Цвијановиќ.

Таа на денешната средба ги праша соговорниците што значи кога велат дека го почитуваат „високиот претставник“.

„Дали ова значи дека тие поддржуваат лажна демократија и хаос во земјата? изјави Цвијановиќ за РТРС.

Според неа, кризата во Босна и Херцеговина не е безбедносна, туку политичка.

Реков и дека БиХ е експеримент во статусот на колонија“, заклучи Цвијановиќ.

Повеќе
Мелони: Многумина се обидуваат да го забават мигрантскиот модел со Албанија, но тој се движи напред
Хрватска испрати сочувство за загинатиот пилот на турски противпожарен авион
Турскиот министер Јумакли: Турски противпожарен авион се урна во Хрватска, загина пилотот
Бугарија верува дека принципот на консензус во надворешната политика на ЕУ мора да остане на сила
Данецот Питер Дуе нов шеф на УНМИК
Вучиќ: Мора да продолжиме да вложуваме во армијата, работите отидоа предалеку
Италија покрена истрага за „викенд снајперистите“ кои пукаа врз Сараево во текот на опсадата
Руските сопственици подготвени да ја отстапат контролата на НИС на трета страна
Грција ќе ги обнови преговорите со Израел за купување напредни ПВО системи
Нова генерација питомци и офицери положија заклетва на Воената академија
Локални избори во Косово: Самоопределување и ЛДК освоија по седум општини, Српска листа десет
Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
Косово гласа на вториот круг од локалните избори
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Нападите на нелегалните израелски доселеници достигнаа највисок месечен број жртви за 20 години
Мицкоски: Владата ќе назначи повереници во општините во кои не се избрани градоначалници
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт
Во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа шестмина мигранти, четворица се повредени
Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење