| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Иран го нападна Азербејџан, Баку вели дека има право да возврати
Најмалку четири лица се повредени кога дрон удрил во терминалот на аеродромот на Автономната Република Нахчиван, а друг во близина на училишна зграда во селото Шекарабад
Иран го нападна Азербејџан, Баку вели дека има право да возврати
Штетите на училиште во Џулфа по нападот со беспилотни летала извршен од Иран врз Нахчиван / AP

Најмалку четири лица се повредени кога две беспилотни летала лансирани од Иран ја погодија азербејџанската енклава Нахчиван во четврток, предизвикувајќи пожари во близина на истоимениот Меѓународен аеродром.

На повредените им е пружена потребната медицинска помош, а нивната состојба е под надзор на лекари, објави Министерството за здравство.

Според лекарите, состојбата на повредените е стабилна и ниту еден од нив не е во животна опасност.

На видео снимките се гледа густ црн чад како се издига во близина на аеродромот, кој се наоѓа на околу 10 километри од иранската граница.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан потврди дека нападите со беспилотни летала од територијата на Иран се случија околу пладне во четврток, при што еден напад беше насочен кон терминалот на аеродромот на Автономната Република Нахчиван, а друг во близина на училишна зграда во селото Шекарабад.

„Остро ги осудуваме овие напади со беспилотни летала извршени од територијата на Исламска Република Иран, што резултираше со оштетување на зградата на аеродромот и повреда на двајца цивили“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Баку ги нарече нападите кршење на меѓународното право што ги ескалира регионалните тензии, барајќи итни објаснувања и превентивни мерки од Иран.

„Бараме Исламската Република Иран да го разјасни горенаведеното прашање во краток временски период, да даде објаснување и да преземе неопходни и итни мерки за да се спречи повторување на вакви инциденти во иднина“, се вели во соопштението.

Азербејџанската влада предупреди дека го задржува правото да одговори со соодветни мерки доколку ваквите напади се случат повторно.

Амбасадорот на Иран во Азербејџан, Моџтаба Дермичилу, беше повикан во Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

„До иранската страна ќе биде изразен силен протест и ќе биде доставена соодветна протестна нота“, соопшти министерството.

Нахчиван е политички автономна копнена енклава на Азербејџан, географски одвоена од остатокот од земјата, граничи со Ерменија, Иран и Туркије.

Повеќе
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
Ердоган повика на единство и братство во услови на регионалните предизвици