| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Емине Ердоган: Изложбата „Турски атлас на ткаење“ е важна за зачувување на културното наследство
Изложбата „Турски атлас на ткаење - сеќавање на ткаенината“, отворена во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, е вреден придонес за зачувување на културното наследство и зајакнување на дијалогот меѓу општествата, рече првата дама на Туркије
Емине Ердоган: Изложбата „Турски атлас на ткаење“ е важна за зачувување на културното наследство
Значајно е што ваков проект е реализиран во институција која го промовира културното наследство и го поддржува дијалогот меѓу општествата, рече таа / AA

Емине Ердоган, сопруга на претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека изложбата „Турски атлас на ткаење - сеќавање на ткаенината“, отворена во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, е вреден придонес за зачувување на културното наследство и зајакнување на дијалогот меѓу општествата.

По повод отворањето на изложбата во Франција, прочитана е порака од Емине Ердоган , која го изрази своето задоволство што проектот „Турски атлас на ткаење“ беше крунисан со изложба под покровителство на Советот на Европа.

„Исклучително е значајно што ваков вреден проект е реализиран во институција која го промовира зачувувањето на културното наследство и го поддржува дијалогот меѓу општествата“, рече таа, посакувајќи успех на изложбата.

Таа го истакна своето задоволство што изложбата ќе ја претстави вековната традиција на анадолското ткаење пред меѓународната заедница.

„Се надевам дека оваа посебна изложба, која ги отвора вратите кон илјадници години акумулирано знаење за Анадолија, мудроста на еколошкиот начин на производство и непроценливиот придонес на женската работа, ќе им понуди инспиративно искуство на сите посетители. Искрено им честитам на сите што придонесоа за изложбата“, рече Ердоган.

Проектот „Турски атлас на ткаење“, започнат во 2021 година под нејзино покровителство, за прв пат ги обединува текстилните производи од сите седум региони на Туркије, со цел знаењето за традиционалното ткаење да биде видливо на меѓународната сцена.

Изложбата, која нагласува дека ткаењето не е само продуктивна активност, туку и носител на сеќавање, идентитет и култура, може да се посети до 30 јануари.

На изложбата се претставени шарени ткаенини произведени од природни влакна и локални суровини, почитувајќи ги принципите на заштита на животната средина. Посетителите имаат можност да видат примероци од природни пигменти што се користат при боење ткаенини, како и минијатурни разбои за ткаење.

Исто така, изложени се предмети што се користат во традиционалните техники на ткаење, како што се чунки, и облека изработена од традиционални ткаенини, вклучувајќи ги ехрам и анкара софа.

По повод отворањето на изложбата, Емина Ердоган прочита порака, во која го изрази своето задоволство што вековната анадолска традиција на ткаење, со својата историска длабочина и уметничко богатство, се претставува на меѓународната заедница токму во Советот на Европа.

Повеќе
Туркије и Словенија ја потврдуваат посветеноста кон зајакнувањето на билатералните односи
Сè повеќе млади Турци посетуваат библиотеки- што го поттикнува овој пораст на интерес?
Турскиот бренд за електрични возила Тог ја слави 8-та година со над 105.000 корисници
Извештај: САД продолжуваат со продажбата на млазни мотори на Туркије
Трамп вели дека Ердоган е причината зошто ќе присуствува на самитот на НАТО во Туркије
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
Турците од Западна Тракија реагираат на пресудата во врска со случајот со џамијата Чинар
Тапанар го замени сценското светло со селскиот живот, стана сточар во родниот крај
Турската потрага по мир во ерата на глобални превирања
Турската и шпанската одбранбена индустрија потпишаа договори за стратегиска соработка
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Редизајнирање на европската одбрана: Желба или стратегија?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин