Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Унгарија мора да сигнализира дека Европската унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ, смета премиерот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата ќе ја тужи Европската комисија ако го игнорира ветото на Унгарија за планираните санкции за купување руски гас и нафта.
„Брисел играше со погрешни коцки кога донесе одлука за забрана за купување руска нафта и гас, што ја исклучува позицијата на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ, која зависи од гласањето“, изјави тој за Радио Кошут, пренесува МТИ.
Според него, ЕК го заобиколи унгарското вето, нагласи тој.
„Тоа е отворено кршење на владеењето на правото. Иако тужбата е долга, таа нема да го реши нашиот проблем. Унгарија мора да сигнализира дека Европската унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ“, рече Орбан.