| Macedonian
Кина ја обвинува Нвидиа за кршење на антимонополските правила
Истрагата била отворена во декември, а прелиминарните резултати покажале дека американската компанија ги прекршила кинеските прописи, соопшти државниот регулатор во кратко соопштение без да даде детали
Кина ја обвинува Нвидиа за кршење на антимонополските правила
Според фискалниот извештај за 2024, Нвидиа остварила приход од 17 милијарди долари на кинескиот пазар или 13% од нејзините вкупни приходи / Reuters

Американскиот производител на чипови Нвидиа ги прекршил антимонополските закони на Кина, соопшти државниот регулатор во понеделник во соопштение за резултатите од прелиминарната истрага, истакнувајќи дека продолжува да ги испитува операциите на американскиот гигант на домашниот пазар.

Истрагата беше отворена во декември, а прелиминарните резултати покажаа дека американската компанија ги прекршила кинеските прописи, соопшти регулаторот во кратко соопштение без да даде детали.

Нвидиа можеби ги прекршила и обврските од условната лиценца за купување на израелската компанија за дизајн на чипови Меланокс Технолоџис за 6,9 милијарди долари се вели во соопштението. Договорот беше завршен во 2020 година откако кинескиот регулатор даде условно одобрение. Тие додаваат дека Државната администрација за регулирање на пазарот ќе продолжи со истрагата.

Според Законот за конкуренција на Кина, компаниите можат да бидат казнети помеѓу еден и десет проценти од нивните годишни приходи од претходната година. Според извештајот на компанијата за фискалната година што заврши на 26 јануари, Нвидиа остварила приход од 17 милијарди долари на кинескиот пазар, што одговара на 13% од нејзините вкупни приходи.

Американската компанија не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за резултатите од прелиминарната кинеска истрага.

Претставниците на САД и Кина отворија нова рунда трговски разговори во Мадрид во неделата, а се очекува разговорите да вклучат чипови, вклучувајќи ги и оние произведени од Нвидиа.

Аналитичарите го сметаат потегот на Кина за стратешки. Тој се совпаѓа со ескалацијата на технолошките тензии - само неколку дена откако Вашингтон стави на црната листа 23 кинески компании - и веројатно има за цел да ја зголеми предноста на Пекинг во преговорите.

Еден експерт го нарече ова „предупредување“ дека континуираните ограничувања на извозот од страна на САД „ќе имаат последици“, сигнализирајќи ја подготвеноста на Кина да им возврати ударот на американските фирми.

Повеќе
Летонија доби нова влада по инцидентот со украински дрон што ја урна претходната владина коалиција
Венс: Одобрувањето на Трамп за договорот со Иран е сè уште неизвесно
Туркије им оддава почит на жртвите од расистичкиот напад во Солинген во 1993 година
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“