| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Европа го зголеми увозот на оружје за трипати, САД главен снабдувач
Полска е европската земја што увезла најмногу оружје и покрива дури 17 проценти од вкупниот увоз на европските земји-членки на НАТО, а најмногу оружје купувала од Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави
Европа го зголеми увозот на оружје за трипати, САД главен снабдувач
Ова е зголемување од дури 210 проценти, што е најголем раст во Европа од почетокот на мерењето на овие статистики / Reuters

Европските земји во периодот 2021-2025 година го зголемиле увозот на оружје за повеќе од трипати во споредба со претходните пет години, а нивен главен снабдувач се Соединетите Американски Држави, покажува извештајот објавен денес од Стокхолмскиот институт за мировни студии (Сипри).

Ова е зголемување од дури 210 проценти, што е најголем раст во Европа од почетокот на мерењето на овие статистики.

Речиси половина од увозот на европските земји доаѓа од Соединетите Американски Држави, 48 проценти, по што следуваат Германија со 7,1 процент и Франција со 6,2 проценти.

Голем дел од ова зголемување е директно поврзано со воените испораки на Украина, која е најголемиот примател на оружје во Европа.

Украина во периодот 2021-2025 година добила оружје од најмалку 36 земји, а трите најголеми добавувачи беа САД (41 процент од вкупниот увоз на Украина), Германија (14 проценти) и Полска (9,4 проценти).

Според извештајот, американската помош за Украина во 2025 година била значително помала отколку во претходните две години.

Покрај Украина, европските земји исто така, го зголемија купувањето оружје за да ги зајакнат сопствените одбранбени капацитети, првенствено поради стравот од конфликт со Русија и неизвесноста околу американската воена посветеност кон Европа.

Меѓу европските земји-членки на НАТО, увозот се зголемил за 143 проценти во периодот 2016-2020 година, при што повеќе од половина од пратките доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

Важни добавувачи на европските земји-членки на НАТО беа и Јужна Кореја 8,6 проценти, Израел 7,7 проценти и Франција 7,4 проценти, се додава на веб-страницата на организацијата Сипри.

Полска е европската земја што увезла најмногу оружје и покрива дури 17 проценти од вкупниот увоз на европските земји-членки на НАТО, а најмногу купуваше оружје од Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави.

Најголеми увозници на оружје во светот се Украина, Индија, Саудиска Арабија, Катар и Пакистан, додека европските земји ги зголемуваат своите капацитети за одговор на геополитичките закани.

Повеќе
Поранешниот шеф на Мосад го споредува насилството на Западниот Брег со Холокаустот
ОН: Зголемен ризик за сириските цивили по проширувањето на израелските операции
Иран: САД повеќе не се во позиција да им „диктираат“ политика на други нации
Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
Германија депортира 25 осудени мажи во Авганистан поради построга имиграциска политика
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор
Прогресивните ја критикуваат ЕПП за блокирање на дебатата за Газа
Калас: Блокадата на Ормускиот Теснец е опасен преседан
Јужна Кореја бара итна меѓународна акција за севернокорејското нуклеарно прашање
Велосипедистите на Тур оф Туркије служат како пример за углед, подигнувајќи ја свеста за дијабетесот
Трамп незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми
Двајца израелски војници повредени при напад со дрон во јужен Либан
Рубио: Ветувачки знаци дека Хамас ќе се демилитаризира
Најмалку четворица загинати во израелските воздушни напади врз јужен Либан